ВКЛУЧЕТЕ СЕ
Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’ нуди интерактивни и креативни активности за да се вклучите и да придонесете во подобрување на јазичните и математичките вештини на младите ученици.
Ако сте родител
Семејството го има првото и најтрајно влијание врз развојот на детето. Можете да му помогнете на своето дете со тоа што ќе го поддржите во учењето на училиште и ќе учите со него дома. Затоа:
- Читајте заедно со вашето дете секој ден и поттикнувајте го да чита со вас. Кликнете тука за да симнете насоки за читање и читачки дневник за прочитаните книги.
- Вие сте пример за Вашето дете – нека Ве гледа почесто како читате и чувајте книги и списанија во Вашиот дом.
- Изработувајте сликовници заедно со вашето дете, од материјали кои ги имате во домот. Кликнете тука за да симнете насоки за изработка на сликовници.
- Редовно следете го делот Новости и настани од нашата интернет страница за навремено да се информирате за сите планирани активности на проектот.
- Посетете ја нашата електронска Библиотека и преземете материјали и активности.
Ако сте постар брат/сестра или друг член од семејството на млад ученик
- Трудете се што почесто заедно да читате сликовници и книги.
- Поттикнете го да чита за Вас.
- Заедно посетувајте библиотека.
- Подарувајте му сликовници и книги за роденден и останати пригоди.
- Користете ја секоја прилика да проверите низ забава колку напреднал во читање и математика.
- Следете го делот Новости и настани од нашата интернет страница за да се информирате и да проследите некој од настаните организирани од нашиот проект.
- Посетете ја нашата Библиотека и преземете материјали и активности.
Ако сте претставник од училиште
- Редовно следете го делот Новости и настани од нашата интернет страница за навремено да се информирате за сите планирани активности на проектот
- Посетете ја нашата Библиотека и преземете материјали и активности.
Ако сте претставник од заедницата
- Редовно следете го делот Новости и настани од нашата интернет страница за навремено да се информирате за сите планирани активности на проектот
- Посетете ја нашата Библиотека и преземете материјали и активности.
И во случај да Вашето училиште не е одбрано за директно вклучување во една од трите фази на проектот, сепак постои можност за вклучување во нашите активности. Нашата Библиотека на тркала и Читачкиот караван може да го посетат и Вашето училиште и локална заедница. Доколку сте заинтересирани да се вклучите во овие активности, контактирајте ја Ана Димовска:
e-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
телефон: + 389 2 30 77 900
моб: +389 72 30 73 29
или пополнете и испратете го формуларот за контакт подолу:
_________________________________________________________