РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕНДЕРИ

Резултати од јавен повик за набавка во рамки на проектот „Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран“

Објавa број: БИДИ ИН - 2021/1

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, а во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија, а има за цел да придонесе кон целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, кои прераснуваат во безбедни средини што се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби.

На 18.01.2021 година како дел од проектот беше објавен јавен повик за набавка на опрема за сензорна соба, едукативни, дидактички материјали и рехабилитациско-рекреативна опрема, асистивна технологија, интерактивна табла и маса таблет, опрема за детско инклузивно игралиште и рехабилитациска опрема за надворешни игралишта. Рокот за доставување на понудите беше 01.02.2021 во 16 часот.

Во продолжение се дадени резултати од разгледувањето на понудите пристигнати како одговор на повик за набавка во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Целина 1: Опрема за сензорна соба, едукативни, дидактички материјали и рехабилитациско- рекреативна опрема

Тип на набавка

Избран доставувач

Опрема за сензорна соба, едукативни, дидактички материјали и рехабилитациско- рекреациска опрема

Тримакс ДОО

 

Целина 2: Асистивна технологија

Тип на набавка

Избран доставувач

Асистивна технологија

Небула Инженеринг

 


Целина 3: Интерактивна табла и маса таблет

Тип на набавка

Избран доставувач

Интерактивна табла и маса таблет

Тримакс ДОО

 


Целина 4: Опрема за детско инклузивно игралиште

Тип на набавка

Избран доставувач

Опрема за детско инклузивно игралиште

Тримакс ДОО

 


Целина 5: Рехабилитациска опрема за надворешно игралиште

Тип на набавка

Избран доставувач

Рехабилитациска опрема за надворешно игралиште

/

*Не е избран ниту еден понудувач за Целина 5, поради истеченост на сертификатите за безбедност на дел од понудувачите, или поради отстапување од понудените ставки од бараните параметри во спецификацијата. Оваа целина повторно ќе се распише.

Доколку компаниите кои се јавија на тендерот и доставија понуди имаат дополнителни прашања истите може да ги постават кај Марина Бојанова на 070 780 708 или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието