СПЕЦИФИЧНА ЦЕЛ 2

Проектот цели да ја подобри пристапноста на училиштата за учениците со попреченост.

ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ
Со цел да се оствари оваа специфична цел планирани се следните активности:

АКТИВНОСТ: Подобрување на пристапноста до и во училиштата за учениците со попреченост
Проектот предвидува подобрување на пристапноста до и во училиштата за учениците со попреченост, преку инфраструктурни и технички подобрувања во 40 училишта кои се веќе посветени на создавање инклузивна средина за предавање и учење.

АКТИВНОСТ: Туторска поддршка за стипендистите на проектот
На 5 октомври е отворен повик за ангажирање на 40 тутори од целата држава со цел да се поддржи процесот на инклузија на деца со попреченост во редовните училишта и да се обезбеди туторска поддршка за учениците со попреченост кои се стипендисти на проектот, со цел совладување на наставната програма и/или ИОП.

Целиот оглас е достапен тука.

Поддршката ќе се обезбедува во зависност од бројот на стипендисти во едно или повеќе училишта, и тоа преку:

  • Директна работа со деца со попреченост - стипендисти за
    • стекнување работни навики и прилагодување кон барањата на наставниот односно предметно-часовниот систем,
    • остварување на целите на индивидуалниот образовен план, преку повторување на инструкцијата, увежбување на зададените задачи и стекнување на бараните знаења и вештини по дадени напатствија и во соработка со наставникот и инклузивниот тим за ученикот.
    • развивање на социјалните вештини и комуникацијата со соучениците, наставниците и другиот персонал.
  • Работа со родителите на стекнување/подобрување на вештините за поддршка на образовниот процес.
  • Соработка со училиштата/наставниците/инклузивниот тим, размена на информации и учество во следењето на остварувањето на индивидуалниот образовен план.
  • Учество во обука наменета за развивање на разбирањето и вештините потребни за успешна работа со ученици со попреченост инклудирани во редовни училишта и дефинирање на нивните работни обврски.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието