СПЕЦИФИЧНА ЦЕЛ 1

Проектот цели да осмисли и воспостави програма за стипендирање на ученици со попреченост од почетните одделенија за да се зголеми нивното запишување во редовните училишта и редовното посетување на часовите, како и да се спречи предвремено напуштање на училиштето и образовниот процес.

ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

Со цел да се оствари оваа специфична цел планирани се следните активности:

АКТИВНОСТ: Осмислување и спроведување на програма за стипендирање со цел подобрување на запишувањето и редовноста на 450 деца со попреченост во почетните одделенија на основното образование, првенствено во редовните училишта;
Како дел од оваа активност на 15 септември 2020 се отвори оглас за доделување на стипендии за 300 ученици со попреченост со можност за пријавување до 30 септември 2020 (целиот повик може да го погледнете тука: на македонски јазик и на албански јазик). Дополнително, како дел од проектот во 2021 ќе бидат доделени стипендии за уште 150 ученици.

Целта на овие стипендии е да се пружи поддршка на семејствата на децата со попреченост од почетните одделенија во надминување на трошоците поврзани со нивното школување, училишни материјали, специјализирана опрема, воннаставни активности, асистенти за помош/едукација, трошоци за терапија, транспортни трошоци или други слични специфични потреби, а воедно да се поддржи одлуката за проактивно и засилено запишување на ученици со попреченост во редовните училишта.

Бројот на месеци во кои ќе се доделуваат стипендии ќе зависи од времетраењето на училишната годината според препораките од Министерството за образование и наука. Вклученоста и редовноста на настава е од витално значење за задржување на стипендијата. Очекувањата за редовноста на учениците со попреченост ќе бидат дефинирани индивидуално за секој ученик во консултација со инклузивниот тим во училиштето и со експерт за деца со попреченост кој ќе биде вклучен и во избор на стипендистите. Во планот за редовност ќе бидат земени предвид и препораките поврзани со пандемијата со КОВИД-19 и начинот на кој ученикот ќе ја следи наставата (далечински или со физичко присуство).

Средствата од стипендијата се доделуваат на родител/старател на ученикот.

 

АКТИВНОСТ: Спроведување кампањи за подигање на јавната свест и активности за промовирање на важноста на инклузивното образование

Како дел од проектот ќе се спроведат 3 кампањи за подигање на јавната свеста и низа активности за промовирање на важноста на инклузивното образование, како и за обезбедување национална и локална поддршка, инвестирање и посветеност кон создавање инклузивни средини за учење, елиминирање на бариерите и подобрување на приемчивоста на сите засегнати страни како и на пошироката јавност. Форматот на кампањите подразбира реализирање на настани, вклученост на познати личности, видео пораки кои ќе бидат испратени до сите медиуми и ќе бидат промовирани на нашите социјални мрежи и низа гостувања на нашите претставници во различни медиуми. Општествено одговорните компании кои ќе станат партнери на проектот ќе имаат свое место во кампањите со цел да се промовира општествената одговорност на секоја од компаниите од приватниот сектор кои ќе го подржат проектот. 

 

АКТИВНОСТ: Градење на капацитетите на инклузивните тимови во 40 училишта

Проектот ќе се фокусира и на градење на капацитетите на членовите на инклузивните тимови во 40 училиштата (раководството, наставниците, стручните служби и специјалните едукатори) како и на вработени од локалните самоуправи одговорни за образованието, со цел подобрување на нивното разбирање и капацитети за планирање и изведување на прилагодена и диференцирана настава, во согласност со најдобрите национални искуства и најдобрите меѓународни практики.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието