МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА

Повик за изразување интерес за избор на 5 училишта за учество во проектот АРИСЕ

ПРОЕКТ „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС

ИЗБОР НА 5 УЧИЛИШТА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ

 

Што претставува проектот ARISE? 

 Проектот „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“ е четиригодишен проект кој започна во март 2020 и е финансиран преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Главна цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации (на партнерите кои ќе го спроведуваат проектот и на други локални организации) и на други засегнати страни за развој на политики и застапување за рамноправност во образованието преку регионална соработка и градење коалиции. Прашањето на сиромаштијата и учениците кои таа ги засега треба да се решава на две нивоа: од една страна, преку образовни и социјални политики кои обезбедуваат долгорочни решенија за создавање рамноправност и праведност во образованието, а од друга страна преку пилот интервенции на училишно ниво кои одговараат на конкретни и непосредни потреби на ученици со низок социо-економски статус, кои ќе помогнат научените лекции ќе се вградат во политиките.

За проектот можете да дознаете повеќе за проектот на веб-страниците https://stepbystep.org.mk/osnovni-informacii-arise и https://www.arisenetwork.eu/en/.

Повик за основни училишта кои сакаат да учествуваат во Проектот

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“  во име на „ Проектот Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“ ги поканува сите заинтересирани основни училишта да се пријават за учество во Проектот.

Проектот ќе спроведе пилот интервенции на ниво на училиште со цел подобрување на образованието на учениците со низок социо-економски статус (СЕС).

Активности кои ќе се спроведат со петте избрани училишта вклучуваат:

  • Воспоставување на училишен проектен тим во секое училиште
  • Градење на капацитети со помош на „Програма за училишен развој“ (ПУР)
    • обука и поддршка на училишни тимови за дизајнирање на училишен акциски план за работа со ученици со низок СЕС според ПУР
    • поддршка на избраните училишта за спроведување на Акцискиот план со грант од 2.000 евра
    • менторски посети, консултативни состаноци и друга поддршка
  • Организирање настани за колегијална поддршка и учење меѓу сите избрани училишта за да обезбедите меѓусебно учење, размена на сознанија, искуства и научени лекции и зајакнување на соработката меѓу училиштата
  • Спроведување студија за ефективноста на интервенцијата (која ќе се состои од иницијално и финално истражување на почетокот и крајот на проектот).


За да може да учествува во проектот, училиштето треба:

  1. да биде јавно основно училиште
  2. да не учествувало во претходни активности на Проектот
  3. да се наоѓа и работи во заедница (по можност приградска или селска) со значителен процент на деца со низок СЕС;
  4. да покаже голем интерес за учество во проектот и подготвеност на училишното раководство, наставници и стручна служба за обуки, менторство и другите активности планирани во Проектот
  5. да го цени и поттикнува активното вклучување и соработката со засегнатите страни во училиштето во процесот на дизајнирање и спроведување на Акцискиот план на училиштето
  6. да е подготвено за активна размена на позитивни практики, предизвици и научени лекции со други училишта од проектот преку средби, настани и активности.

Заинтересираните училишта можат да го изразат својот интерес со доставување на Пријава на следнава електронска адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., каде може да се обратите и за дополнителни информации за проектот, активноста и повикот. Пријавата, која може да ја најдете тука, треба да ја доставите до 5 септември 2021 г.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието