МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА

Јавен повик за доставување понуди за извршување мали адаптациони градежни работи во 6 училишта


1.
Објавa број: EUD/FOKI/W/2092
2. Финансирање: Проект „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование“ финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија
3. Нарачател: Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“
4. Корисници на опремата: 6 училишта од Република Северна Македонија


ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА

5. Опис на набавката:

Предмет на набавката е извршување на ситни градежни адаптации во: ООУ Ѓорѓи Сугарев Битола, ООУ Гоце Делчев Ресен, ООУ Саид Најдени Дебар, ООУ 11 Октомври Куманово, ООУ Рајко Жизинфов Скопје, ООУ Дане Крапчев Скопје, дадени во две целини и два одвоени договори.

6. Име на целината (комплетната документација се добива согласно Точка 15.)

Целина 1: Мали адаптациони градежни работи ООУ Ѓорѓи Сугарев Битола, ООУ Гоце Делчев Ресен и ООУ Саид Најдени Дебар
Целина 2: Мали адаптациони градежни работи во
ООУ 11 Октомври Куманово, ООУ Рајко Жизинфов Скопје и  ООУ Дане Крапчев Скопје


УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

7. Подобност и правила на потекло

Понудувачи можат да бидат градежни фирми од Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РСМ) и од странство кои целосно, квалитетно и навремено ги имаат исполнето евентуалните поранешни обврски кон Фондацијата „Чекор по чекор“ и Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Согласно правилата на донаторот на средствата ИСКЛУЧИВО се прифаќаат понуди од фирми со регистрирано седиште во следниве земји: Земјите членки на ЕУ, Велика Британија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора, Турција и Република Северна Македонија.

8. Основа за исклучување

Одвоена изјава не е потребна, туку се пополнува во самиот Образец за понуда, во делот Изјава согласно барањата на тендерот.

9. Број на понуди

Еден понудувач може да даде само целосна понуда за целината. Секоја целина е предмет на еден договор и спецификацијата дадена во неа е неделива. Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки на зададената целина. Во ниеден случај некомплетни понуди за поедина целинa нема да бидат разгледувани.

10. Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција)

Понудувачите НЕ ТРЕБА да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција).

11. Гаранции

На успешниот понудувач ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот изразена во МКД. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена најдоцна 10 дена откако понудувачот ќе го прими потпишаниот договор од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач. Оваа гаранција нема да се бара од оние понудувачи кои ќе бараат плаќање по целосно извршени работи и извршен технички прием.

12. Валидност на понудата

Понудите мора да останат валидни 90 дена по крајниот рок за поднесување на истите.

13. Краен рок на извршување

40 дена по потпишувањето на договорот.


КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

14. Бодување и критериуми
  • 70 % (од вкупните бодови) = Цена.
  • 10 % (од вкупните бодови) = Референци на понудувачот во РСМ.
  • 20 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање и рок на завршување на градежните работи на сите локации.

КОНКУРИРАЊЕ

15. Како да ја набавите комплетната документација

Комплетната документација може да ја преземете од овде:
МАЛИ АДАПТАЦИОНИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО 6 УЧИЛИШТА

Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат на адреса на Фондација „Чекор по чекор“, а по електронска пошта на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), најдоцна 3 работни дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди даден во Точка 16. Фондација „Чекор по чекор“ ќе одговори на прашањата на ист начин, најдоцна 2 работни дена пред истиот рок.

16. Краен рок за поднесување на понудите

Заинтересираните понудувачи своите понуди (ЕДЕН ОРИГИНАЛ НА ХАРТИЈА) треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена „Понуда бр. EUD/FOKI/W/2092, на рака или по курирска пошта на следнава адреса:
Фондација „Чекор по чекор“, бул. „Партизански одреди 72а (мезанин), 1000 Скопје, РСМ

За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на Фондација „Чекор по чекор“, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.

Краен датум за достава на понудите: најдоцна до четврток, 10.12.2020 год. до 16.00 часот.

17. Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.

Јавно отворање на понудите нема да има!

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието