Објавени пет сликовници на ромски и македонски јазик
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ објави пет сликовници кои се достапни во двојазично издание - на ромски и македонски јазик. Овие сликовници се подготвени во рамки на Проектот за зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование, финансиран од Европската Унија и Програмата за поддршка на родители на Фондациите отворено општество, а го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор“ во соработка со во соработка со невладините организации Надеж и Дендо Вас.
Ресурси за читање и учење на ромски јазик има во доста ограничен број, а децата Роми кога ќе тргнат на училиште често се соочуваат со недоволна јазична подговеност бидејќи јазикот на кој се одвива наставата, најчесто македонски или албански, е различен од јазикот кој го говореле дома пред тргање на училиште. Затоа и ги подготвивме овие сликовници двојазично - родителите и останати членови од семејството на најмладите Роми, како и сите едукатори и парапрофесионалци кои работат во ромската заедница да можат да ги користат за да ги подобрат јазичните компетенции на децата Роми пред нивното тргање во училиште, како и во текот на описменувањето.
Сликовниците се достапни во електронската библиотека на Фондацијата „Чекор по чекор“, а до секоја од нив директно може да пристапите со кликнување на илустрациите во продолжение: