МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

Повик за ангажирање на обучувачи за поддршка на процесот на инклузија на ученици со попреченост во редовните училишта

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“. Проектот се реализира во соработка и со поддршка на Европската Унија и Министерството за образование и наука. Овој проект има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта кои прераснуваат во безбедни и стимулативни средини, отворени и пристапни за сите деца и посветени на квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби, преку:

  • осмислување и спроведување на програма за стипендирање на ученици со попреченост во почетните одделенија на основното образование;
  • спроведување кампањи за подигање на свеста и активности за промовирање на важноста на инклузивното образование и придобивките од инклузивните средини за учење;
  • градење на капацитетите на наставниците и стручните служби за проактивна инклузија и прилагодена и диференцирана настава;
  • намалување на бариерите за учениците со попреченост преку подобрување на пристапноста до и во училиштата и градење стимулативна средина за учење;
  • обезбедување туторска и образовна поддршка за ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес.

 

Со цел да се поддржи процесот на инклузија на деца со попреченост во редовните училишта, Фондацијата преку овој поканува пријави за ангажирање на експерти за организирање и спроведување работилници за образовна поддршка.    

Опис на ангажманот

Од експертите - обучувачи се очекува да подготват и одржат:

  • 2 дводневни работилници за зајакнување на знаењата и вештините за работа со ученици со попреченост во редовните училишта
  • 3 дводневни работилници за зајакнување компетенциите за соработка со и вклучување на семејствата во образовниот процес
  • 33 полудневни работилници за подобрување на дидактичко/методички компетенции и презентација на изработени планирања и наставни материјали
  • 4 тематски онлајн работилници за изготвување студии на случај и споделување практични совети за справување со претходно идентификувани предизвици и потешкотии во процесот на инклузија на ученици со попреченост во редовните училишта
  • 5 еднодневни работилници за вмрежување, поддршка и размена на искуства и добри практики меѓу училишта кои инклудираат ученици со попреченост.


Времетраење на ангажманот

Вкупниот ангажман на сите избрани експерти изнесува до 60 работни дена вкупно, во кои спаѓаат денови за подготовка и изведба на горенаведените работилници. Конечната распределба ќе зависи од бројот на ангажираните експерти, и тоа минимум двајца а максимум четворица, и од нивната конкретна експертиза и искуство.

Работилниците треба да се подготват и одржат во периодот од 11 јануари до 31 август 2022 г.

Квалификации и искуство

  • Минимум високо образование/прв циклус студии на медицински или образовни науки; специјализација, втор или трет циклус во областите педагогија, инклузија, специјална едукација и детска психијатрија се сметаат за предност
  • најмалку 20 години работно искуство на полето на образованието или најмалку 20 години работно искуство на полето на дијагностицирање/третман на деца со попреченост
  • искуство во организирање најмалку 30 обуки на полето на образованието
  • искуство во организирање на најмалку 15 обуки на тема соработка со семејства или работа со деца со попреченост
  • искуство во работа со семејства.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија кои ги исполнуваат навадените услови. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават куса професионална биографија и изјава за интерес на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Крајниот рок за доставување на пријавите е 9 јануари 2022 г.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието