МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

Повик за ангажирање на 4 обучувачи за училишни инклузивни тимови

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ со партнерите Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“ го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој е финансиски е поддржан од Европската Унија, а се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука. Овој проект има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта кои прераснуваат во безбедни средини што се отворени и пристапни за сите деца и посветени на квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби, преку:

  • осмислување и спроведување на програма за стипендирање на ученици со попреченост во почетните одделенија на основното образование;
  • спроведување кампањи за подигање на свеста и активности за промовирање на важноста на инклузивното образование и придобивките од инклузивните средини за учење;
  • градење на капацитетите на училишните инклузивни тимови за проактивна инклузија и прилагодена и диференцирана настава;
  • намалување на бариерите за учениците со попреченост и подобрување на пристапноста до и во училиштата;
  • обезбедување туторска поддршка за ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес.

 

Со цел подобрување на компетенциите на училишните инклузивни тимови, Фондацијата ќе спроведе обука за 40 училишта во кои се запишани најголем број ученици со попреченост - стипендисти на проектот. Фондацијата го објавува овој повик за ангажирање на 4 експерти за организирање и спроведување на обуката.  

 

Позиција 1 - Обучувач - 4 експерта

Опис на ангажманот

Цел на обуката: Подобрување на капацитетите на Училишните инклузивни тимови за поефективно инклудирање на ученици со попреченост во редовниот наставен процес. Особено внимание ќе се посвети на следниве теми:

  • запознавање со спецификите на различните видови попреченост
  • проценка на потребите на учениците
  • годишно планирање / подготвување на ИОП (индивидуализација на планирањето)
  • тематско, неделно и дневно планирање / диференција на активности и задачи по тежински нивоа (индивидуализација на наставата)
  • формативно следење на постигањата (индивидуализација на оценувањето)
  • соработка со родителите како партнери во процесот на учење.

 

Од експертите - обучувачи се очекува:

  • да подготват програма за семинар во 2 вида:
    • полудневна онлајн обука во траење од 4 дена (со 5-часовни активности во секој ден) и
    • целодневна обука со директен контакт во траење од 2,5 дена.
  • во пар од по 2 обучувачи да организираат вкупно 8 семинари,
  • да подготват извештај за спроведената обука со препораки за понатамошни активности за развој на компетенциите на членовите на Училишните инклузивни тимови.

 

Времетраење на ангажманот
Ангажманот за сите 4 експерта е со траење од 18 работни дена (2 дена за подготовка на обуките и максимум 16 дена за изведба на обуките). Активностите треба да се спроведат во периодот 1 август 2021 - 30 јуни 2022 г.

Квалификации и искуство

  • Високо образование/втор циклус студии на полето на специјалното образование, завршен трет циклус се смета за предност
  • најмалку 10 години работно искуство во специјалното или инклузивното образование
  • искуство во развојни проекти на полето на инклузијата, и тоа во најмалку 5 проекти
  • искуство во организирање најмалку 10 обуки на полето на инклузија на ученици со попреченост
  • искуство во подготовка на наставен, стручен и помошен кадар на полето на специјалното образование и инклузијата, вклучувајќи иницијална обука и професионален развој.

   

Позиција 2 - Автор на прирачник

Опис на ангажманот

Цел на ангажманот: Подготвување на прирачник кој ќе се користи за понатамошна дисеминација на обуката и за самостојно учење.

Од експертот се очекува да подготви прирачник за понатамошна дисеминација на обуката, во кој ќе се:

  • сублимираат материјалите од обуката
  • дадат дополнителни ресурсни материјали, теоретски основи, практични идеи и извори за понатамошно самостојно учење
  • дадат препораки за интерна дисеминација на обуката во самите училишта
  • овозможи и поттикне самостојно учење на сите заинтересирани наставници, членови на стручни служби, училишното раководство, родителите и членовите ена граѓанското општество кои работата на проекти за поддршка на процесот на инклузија на ученици со попреченост.

 

Времетраење на ангажманот
Ангажманот е предвиден со траење од 5 дена, во периодот 1 август-30 ноември 2021 г.

Квалификации и искуство

  • Високо образование/втор циклус студии на полето на специјалното образование, завршен трет циклус се смета за предност
  • најмалку 10 години работно искуство во специјалното или инклузивното образование
  • искуство во развојни проекти на полето на инклузијата, и тоа во најмалку 5 проекти
  • искуство во организирање најмалку 10 обуки на полето на инклузија на ученици со попреченост
  • искуство во подготовка на наставен, стручен и помошен кадар на полето на специјалното образование и инклузијата, вклучувајќи иницијална обука и професионален развој
  • искуство во подготвување прирачници, учебници и/или скрипти (најмалку 3) за студенти, наставници и др. стручни лица за примена во иницијална обука или професионален развој на инклузијата на деца/лица со попреченост.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија кои ги исполнуваат навeдените услови. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават куса професионална биографија и изјава за интерес на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Крајниот рок за доставување на пријавите е 4 јуни 2021 год,  до 16,00 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието