МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

Отворен повик за ангажирање на експерти - училишни координатори во проектот АРИСЕ

Што претставува проектот ARISE? 

Проектот „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“ е четиригодишен проект кој започна во март 2020 и е финансиран преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Главна цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации (на партнерите кои ќе го спроведуваат проектот и на други локални организации) и на други засегнати страни за развој на политики и застапување за рамноправност во образованието преку регионална соработка и градење коалиции. Прашањето на сиромаштијата и учениците кои таа ги засега треба да се решава на две нивоа: од една страна, преку образовни и социјални политики кои обезбедуваат долгорочни решенија за создавање рамноправност и праведност во образованието, а од друга страна преку пилот интервенции на училишно ниво кои одговараат на конкретни и непосредни потреби на ученици со низок социо-економски статус, кои ќе помогнат научените лекции ќе се вградат во политиките.

За проектот можете да дознаете повеќе за проектот на веб-страниците https://stepbystep.org.mk/osnovni-informacii-arise и https://www.arisenetwork.eu/en/.

Компонента Интервенции во основни училишта

Една од целите на Проектот е подготвување и спроведување на пилот интервенции во 5 основни училишта избрани на отворен повик со цел подобрување на образованието на учениците со низок социо-економски статус (СЕС). Активностите кои ќе се спроведат вклучуваат:

  • Воспоставување на училишен проектен тим
  • Градење на капацитети со помош на „Програмата за училишен развој“
    • обука и поддршка на училишните тимови за дизајнирање на училишен акциски план за работа со ученици со низок СЕС
    • поддршка за спроведување на Акцискиот план со грант од 2.000 евра
    • менторски посети, консултативни состаноци и друга поддршка
  • Организирање настани за колегијална поддршка и учење меѓу петте училишта со цел меѓусебно учење, размена на сознанија, искуства и научени лекции и зајакнување на соработката меѓу училиштата
  • Спроведување студија за ефективноста на интервенцијата (иницијално и финално истражување).


СО ЦЕЛ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИНТЕРВЕНЦИИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА,
ФОНДАЦИЈАТА ЗА ОБРАЗОВНИ И КУЛТУРНИ ИНИЦИЈАТИВИ „ЧЕКОР ПО ЧЕКОР“ ПРЕКУ ОВОЈ ПОВИК ПОКАНУВА ПРИЈАВИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 2 ЕКСПЕРТИ - 1. УЧИЛИШЕН КООРДИНАТОР И 2. АСИСТЕНТ УЧИЛИШЕН КООРДИНАТОР.

Опис на ангажманот

Поддршка на училишните тимови во подготвувањето и спроведувањето на училишните активности преку:

  • преглед, ревизија и адаптација на македонската верзија на „Програмата за училишен развој“
  • 3-дневна обука на училишните тимови (5 члена од секое од 5-те училишта) за осмислување и успешно спроведување на Училишни акциски планови за задоволување на образовните потреби на ученици со низок СЕС преку сеопфатен пристап на ниво на училиште и заедница и преку соработка на сите засегнати страни редовни посети, менторирање и консултативни состаноци со училишните тимови
  • индивидуално менторирање доколку и каде има потреба
  • поддршка при дизајнирањето на Училишен акциски план за работа со ученици со низок СЕС
  • поддршка за спроведување на Училишниот акциски план
  • поддршка во административните и финансиските процедури со цел отчетност и подготвување извештаи
  • поддршка во организирањето и одржувањето мрежни настани за колегијално учење, размена на сознанија, искуства и научени лекции и зајакнување на соработката меѓу училиштата.

Координаторите се обврзуваат да учествуваат во почетна обука, редовни координативни состаноци и во иницијалното и финалното истражување.

Времетраење на ангажманот

Ангажманот за двете позиции е во обем од 20% од работното време во периодот септември 2021 - декември 2023 г. (до 28 месеци).

Квалификации и искуство

Позиција 1 - Училишен координатор

  • Високо образование - најмалку втор циклус универзитетски студии на полето на образованието, третиот циклус се смета за предност
  • познавање на македонскиот образовен систем
  • најмалку 20 години работно искуство во образованието преку поддршка и обука на наставници и/или севкупен училишен развој
  • искуство во проектно ангажирање, со учество во најмалку 10 проекти
  • искуство во организирање обуки и менторство, со реализирани најмалку 30 обуки (семинари) за наставници
  • искуство во подготовка на материјали за обука на наставници (во иницијална обука или професионален развој)
  • искуство во планирање и спроведување на училишни активности.


Позиција 2 - Асистент училишен координатор

  • Високо образование - прв циклус универзитетски студии на полето на образованието, вториот циклус се смета за предност
  • познавање на македонскиот образовен систем
  • најмалку 5 години работно искуство во образованието преку поддршка и обука на наставници и/или севкупен училишен развој
  • искуство во проектно ангажирање, со учество во најмалку 3 проекти
  • искуство во организирање обуки и менторство, со реализирани најмалку 10 обуки (семинари) за наставници
  • искуство во планирање и спроведување на училишни активности.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија кои ги исполнуваат наведените услови. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават куса професионална биографија и изјава за интерес на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Крајниот рок за доставување на пријавите е 25-ти август 2021 г.,  до 16.00 ч.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието