МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

Олгас за осмислување, подготовка и реализација на видео материјали за кампања

Еден од главните приоритети на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ е промоција на квалитетно инклузивно образование достапно за сите деца. Во тој контекст, Фондацијата го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, во партнерство со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ и во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија, и има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта кои прераснуваат во безбедни средини  отворени и пристапни за сите деца и посветени на квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби, преку:
  • осмислување и спроведување на програма за стипендирање на ученици со попреченост во почетните одделенија на основното образование;
  • спроведување кампањи за подигање на свеста и активности за промовирање на важноста на инклузивното образование и придобивките од инклузивните средини за учење;
  • градење на капацитетите на наставниците и стручните служби за проактивна инклузија и прилагодена и диференцирана настава;
  • намалување на бариерите за учениците со попреченост и подобрување на пристапноста до и во училиштата;
  • обезбедување туторска и образовна поддршка за ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес.

 

СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОДИГНЕ ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ПОСЕОПФАТНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС, ФОНДАЦИЈАТА ЌЕ СПРОВЕДЕ КАМПАЊА ЗА КОЈА Е ПОТРЕБЕН ЕКСПЕРТ ЗА ОСМИСЛУВАЊЕ, ПОДГОТОВКА И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ.

Промотивната кампања има за цел:

  • ДА ЈА ЗГОЛЕМИ СВЕСНОСТА за важноста од вклучување на учениците со попреченост во редовните училишта;
  • ДА ЈА ИНФОРМИРА и ЕДУЦИРА јавноста за проблемите за општествена вклученост на учениците со попреченост и предизвиците со кои се соочуваат во своето образование;
  • ДА ГИ МОТИВИРА родителите на учениците со попреченост нивните деца да посетуваат настава во редовни училишта;
  • ДА ИНИЦИРА дебата која на подолг рок би овозможила промена во однесувањето и перцепцијата на општата јавност врзана со овие прашања.

 

ОПИС НА АНГАЖМАНОТ

1. Осмислување, подготовка и реализација на 3 видеа (секое видео е со должина од 30 до 40 секунди и во формат за прикажување на ТВ):

  • Редовна консултација  со проектниот тим заради тековно и финално одобрување на содржината на видеата и следење на препораките од проектниот тим поврзано со правилата за поголема инклузивност на видеата;
  • Осмислување на главното мото на кампањата
  • Осмислување 3 видеа
    • Осмислување и подготовка на визуелниот идентитет на видеото;
  • Снимање на 3 видеа
    • Титлување на видеата (на два јазици и на македонски и на албански јазик);
  • Монтажа, продукција и постпродукција на видеата.


2. Подготовка и реализација на 5 видеа поврзани со инклузијата (видеата се наменети за кампања на социјалните медиуми)

  • Редовна консултација  со проектниот тим заради тековно и финално одобрување на содржината на видеата и следење на препораките од проектниот тим поврзано со правилата за поголема инклузивност на видеата;
  • Осмислување  5 видеа поврзани со инклузија со вклучување на главното мото на кампањата
    • Осмислување и подготовка на визуелниот идентитет на видеото;
  • Снимање на 5 видеа
    • Титлување на видеата (на два јазици и на македонски и на албански јазик) и/или надсинхронизирање на видеата (испорачување две верзии од секое од видеата);
  • Монтажа, продукција и постпродукција на видеата (видеата ќе се користат за кампања на социјалните медиуми)

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ

Целата активност со сите горенаведени ставки треба да се реализира најдоцна до 31 мај 2022 година.

КАНДИДАТОТ КОЈ СЕ ПРИЈАВУВА НА ОВОЈ ПОВИК ТРЕБА:

  • да има искуство во подготовка, снимање и продукција на видеа (минимум 10 видеа);
  • да има искуство со реализирање на активности поврзани со образование на ранливи групи и инклузија (минимум 5 активности);
  • да има соодветно образование т.е завршен факултет за драмски, филмски или ликовни уметности;
  • Кандидатот треба да достави:

- биографија;
- понуда со предлог буџет;
- идејно решение за видеата презентиран преку краток опис за секое од видеата. Во идејното решение треба да е вклучено и главното мото на кампањата кое понудувачот го предлага;
- предлог план за реализација на предвидените активности.

Во предлог буџетот треба да се вкалкулирани сите трошоците со претпродукцијата на видеата, нивната продукција и пост продукцијата (доколку има, треба да се вклучат и трошоци за надсинхронизација, кастинг и проби, превод на албански/македонски,  колор корекција, барање локации, студио за снимање, движечки графики и/или други слични трошоци). Фондацијата „Чекор по чекор“ располага со опрема за снимање на видеата. Во цената треба да се вкалкулирани и трошоците за персонален данок или други даночни обврски.

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

  • ЦЕНА (40%)
  • СООДВЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ И ИСКУСТВО (30%)
  • ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ (30%)

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија кои ги исполнуваат наведените услови. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа.

На овој оглас може да се пријават и правни лица и наместо лична биографија може да го поднесат своето портфолио и/или биографија на експертот/експертите кои ќе ги користат. Во ваков случај, цената која ќе се понуди треба да биде без ДДВ и, во случај правно лице да биде ангажирано, фактурата која ќе се достави по извршените обврски треба да биде издадена преку системот на УЈП  без ДДВ. Проектот е ослободен од плаќање ДДВ за што Фондацијата ќе обезбеди соодветна документација.

Ги покануваме заинтересираните кандидати да ги достават горенаведените документи  на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Предлог буџетот треба да биде изразен во ЕУР, во следниот формат:

Опис

Количина

Единечна цена во ЕУР

Вкупна цена во ЕУР

 

Подготовка и реализација на видеа за ТВ прикажување

3

   

Подготовка и реализација на видеа поврзани со инклузија

5

   

ВКУПНО

 

Проектот го задржува правото да не избере понудувач доколку процени дека доставените предлози не одговараат во целост со потребите. Во случај на неприфаќање на понудата Фондацијата не смее да го користи ниту споделува идејното решение, ниту мотото кое е предложено од понудувачите.

Проектот го задржува правото, во договор со избраниот понудувач, да ја промени временската динамика, како и да ги модифицира барањата врзани за очекуваните резултати. Проектот го задржува правото да воведе дополнителни разумни критериуми и побара дополнителна документација.

Крајниот рок за доставување на пријавите е 3 март 2022 година,  до 13:00 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието