Оглас за вработување: Проект БИДИ ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија, во партнерство со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ и со финансиска поддршка на Европската Унија, го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Проектот има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта преку обезбедување стипендии, туторска помош, обука за училишниот персонал и поддршка на училиштата кои прераснуваат во институции кои се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби.
Преку овој повик, Фондацијата „Чекор по чекор“ поканува пријави за вработување на следниве проектни позиции:
Позиција 1: Менаџер за комуникација, мобилизација и видливост
Работни задачи
- осмислување, имплементација и мониторирање на Планот за комуникација и видливост
- обезбедување соодветна видливост на Проектот
- развивање материјали, пораки и брендирање на Проектот и сите активности
- учество во барање дополнителни средства за реализирање на проектот
- осмислување и организирање кампањи за подигање на јавната свест
- активности за откривање и пристапување до потенцијалните проектни корисници (семејства на деца со попреченост, училиштата, локални власти, јавност, граѓанско општество), и поттикнување на нивниот интерес за информации и за учество во Проектот
- воспоставување и одржување односи и соработка со медиумите и обезбедување нивна поддршка и придонес за продлабочување на интересот за Проектот кај јавноста и корисниците
Работен ангажман и место на извршување на работните обврски
- ангажираност на 100% од полното работно време
- место на извршување на работните обврски:
- претежно канцелариска работа, со опција за работа од дома за дел од работните задачи, доколку не постојат услови за целосно враќање на работните места
- редовната комуникација со партнерите, медиумите и други директни засегнати страни, со физичко присуство или онлајн, во согласност со националните безбедносни протоколи
- редовни посети на тековни и потенцијални засегнати страни (училиштата, локални власти, медиуми, локални и национални познати лица кои се застапуваат за инклузијата) во согласност со националните безбедносни протоколи
Квалификации
- Високо образование во областите новинарство или медиуми/комуникација
- најмалку 5-годишно искуство во граѓански организации или на донаторски проекти, вклучувајќи и во раководна или координативна позиција
- искуство во работа со медиуми
- искуство во работа со основни училиштата, наставници и семејства
- одлично познавање на англискиот јазик, владеење на албанскиот јазик се смета за голема предност
Позиција 2: Финансиски и административен координатор
Работни задачи
- поддршка на проектните раководни лица во сите административни, набавни/договорни и финансиски аспекти на Проектот
- придржување кон финансиските и административните барања
- извршување административни работни задачи, меѓу кои подготвување договори, спроведување постапки за набавка и одржување на проектната административна документација
- извршување финансиски работни задачи, меѓу кои спроведување и следење на сите проектни плаќања, одржување на проектната финансиска/платежна документација и подготвување податоци за финансиски извештаи
- особена одговорност за активности поврзани со поддршката за училиштата, вклучувајќи помош за училиштата при аплицирањето за грантови, преглед и комплетирање на апликации, административни и финансиски аспекти на процесот на доделување грантови/поддршка на училиштата при поднесувањето извештаи.
Работен ангажман и место на извршување на работните обврски
- ангажираност на 100% од полното работно време
- место на извршување на работните обврски:
- претежно канцелариска работа, со опција за работа од дома за дел од работните задачи, доколку не постојат услови за целосно враќање на работните места
- редовна посети на училиштата заради мониторирање на имплементацијата на грантовите/училишната поддршка (најмалку два пати по училиште) во согласност со националните безбедносни протоколи, и преглед на пишани извештаи од училиштата и партнерите
Квалификации
- високо образование во економските/образовните науки
- искуство во финансиско или сметководствено работење
- најмалку 3-годишно искуство во граѓански организации или на донаторски проекти, вклучувајќи позиции поврзани со финансии и/или мониторирање
- искуство во работа со основни училиштата
- одлично познавање на англискиот јазик
Позиција 3: Проектен асистент
Работни задачи
- поддршка на проектните раководни лица во сите аспекти на Проектот, со особен акцент на програмските аспекти, мониторирањето и евидентирањето на напредокот
- одржување секојдневна комуникација со партнерите и засегнатите страни
- организирање состаноци, водење записник и друга документација
- административно и логистичко организирање на работилници и настани
- редовно одржување на програмската документација
- редовни теренски посети и/или комуникација со училиштата
- одржување на архивата на податоци, тематски документи и извештаи.
Работен ангажман и место на извршување на работните обврски
- ангажираност на 100% од полното работно време
- место на извршување на работните обврски: претежно канцелариска работа, со опција за работа од дома за определени работни задачи доколку не постојат услови за целосно враќање на работните места
- редовната комуникација со партнерите и засегнатите страни и посети на училиштата (најмалку еднаш годишно), во согласност со националните безбедносни протоколи, дисеминација на информации и собирање информации, податоци и документација
Квалификации
- завршено средно образование
- додипломски студии во тек, по можност во последната студиска година на полето на образовните науки ќе се сметаат за предност
- одлично познавање на англискиот јазик
Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ и не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават ажурирана професионална биографија и изјава за интерес со посочување на позицијата за која се пријавуваат на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 21.08.2020 г. до 16 часот.