МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

Оглас за вработување на Проектен асистент за проектот „БИДИ ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија, во партнерство со партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ и со финансиска поддршка на Европската Унија, го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Проектот има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта преку обезбедување на стипендии, туторска помош, обука за училишниот персонал и поддршка на училиштата кои прераснуваат во институции кои се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби. 

Фондацијата преку овој повик поканува пријави за вработување на следнава проектна позиција:

Проектен асистент

Работни задачи

  • поддршка на проектните раководни лица во сите аспекти на Проектот, со особен акцент на програмските аспекти, мониторирањето и евидентирањето на напредокот
  • одржување секојдневна комуникација со партнерите и засегнатите страни
  • организирање состаноци, водење записник и друга документација
  • административно и логистичко организирање на работилници и настани
  • одржување на програмската документација
  • редовни теренски посети и/или комуникација со училиштата
  • одржување на архивата на податоци, тематски документи и извештаи.

 

Работен ангажман и место на извршување на работните обврски

  • ангажираност на 100% од полното работно време
  • ангажираност за периодот 1 август 2021 - 31 август 2023
  • место на извршување на работните обврски:
    • претежно канцелариска работа, со опција за повремена работа од дома во зависност од состојбата со КОВИД19
    • редовна комуникација со партнерите и засегнатите страни и посети на училиштата (најмалку еднаш годишно), преку посети или онлајн, во зависност од состојбата со КОВИД19 и безбедносните препораки и протоколи

 

Квалификации

  • најмалку завршено средно образование
  • додипломски студии во тек, предност имаат студенти во последната студиска година на полето на образовните науки
  • одлично познавање на англискиот јазик

 

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават ажурирана професионална биографија и изјава за интерес со посочување на позицијата за која се пријавуваат на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Крајниот рок за доставување на апликациите е 09.07.2021 г. до 12 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието