МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

Оглас за вработувањa во проектот „Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија спроведува проекти за поддршка на образованието на ранливите групи, меѓу кои и проектите ARISE: „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“ и „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. 

За потребите на овие два проекта, Фондацијата преку овој повик поканува пријави за вработување на следниве проектни позиции:

Позиција 1: Менаџер за комуникација и видливост

Работни задачи

  • осмислување, имплементација и мониторирање на Планот за комуникација и видливост
  • осигурување на соодветна видливост на Проектот
  • развивање материјали, пораки и брендирање на Проектот и сите активности
  • осмислување и организирање на кампањи за подигање на јавната свест
  • активности за детекција и пристапување до потенцијални проектни корисници (семејства на деца со попреченост, училиштата, локални власти, јавност, Граѓанско општество), и поттикнување на нивниот интерес за информации и за учество во Проектот
  • воспоставување и одржување односи и соработка со медиумите и осигурување на нивна поддршка и придонес за продлабочување на интересот за Проектот кај јавноста и корисниците

 

Работен ангажман и место на извршување на работните обврски

  • ангажираност на 50% од полното работно време
  • ангажираност за периодот 1 декември 2021 - 31 август 2023
  • место на извршување на работните обврски:
    • претежно канцелариска работа, со опција за работа од дома во договор со раководителите на Проектот
    • редовната комуникација со партнерите, медиумите и други директни засегнати страни може да се одржува со физичко присуство или онлајн
    • редовни посети на тековни и потенцијални засегнати страни (училиштата, локални власти, медиуми, локални и национални познати лица кои се застапуваат за инклузијата и поддржувачи) во зависност од националните безбедносни протоколи, во спротивно онлајн комуникација и видливост

 

Квалификации

  • Високо образование во областa на општествените науки
  • најмалку 5-годишно искуство во граѓански организации или на донаторски проекти, вклучувајќи и во раководна или координативна позиција
  • искуство во работа со медиуми
  • искуство во работа со основни училиштата, наставници, семејства и лица со попреченост
  • одлично познавање на англискиот јазик, владеење на албанскиот јазик се смета за предност.

 

Позиција 2: Проектен асистент

Работни задачи

  • поддршка на проектното раководство во сите аспекти на Проектот, со особен акцент на програмските аспекти, мониторирање и евидентирање на напредокот
  • одржување секојдневна комуникација со партнерите и засегнатите страни
  • организирање состаноци, водење записник и друга документација
  • административно и логистичко организирање на работилници и настани
  • одржување на програмската документација
  • редовни теренски посети и/или комуникација со училиштата
  • одржување на архивата на податоци, тематски документи и извештаи.

 

Работен ангажман и место на извршување на работните обврски

  • ангажираност на 100% од полното работно време
  • ангажираност за периодот 1 декември 2021 - 31 август 2023
  • место на извршување на работните обврски:
    • претежно канцелариска работа, со опција за повремена работа од дома во договор со раководителите на Проектот
    • редовна комуникација со партнерите и засегнатите страни и посети на училиштата, преку посети или онлајн, во зависност од националните безбедносни протоколи

 

Квалификации

  • додипломски студии, завршени или во тек,
  • одлично познавање на англискиот јазик

Кандидатот исто така треба да поседува возачка дозвола, Б категорија.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават ажурирана професионална биографија и изјава за интерес со посочување на позицијата за која се пријавуваат на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Крајниот рок за доставување на апликациите е 25.11.2021 г. до 12 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието