МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

Оглас за избор на обучувачи на тема „Образование за социјална правда“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија е партнер на проектот РЕДОВНО НА ЧАСОВИ: Акција за вклучување на Ромите во основното образование кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува „Фондацијата Отворено општество – Македонија“. Проектот има за цел да обезбеди стипендии за вклучување што поголем број деца Роми во основното образование и да обезбеди поддршка на училиштата да создадат инклузивна средина за учење каде ќе се почитува различноста и каде сите деца ќе се чувствуваат добредојдени и подеднакво стимулирани да успеат.

Во рамките на проектот предвидена е обука за наставниците од основните училишта на тема Образование за социјална правда со цел наставниците од основните училишта да се запознаат со основите на социјалната правда и да преземат конкретни чекори за надминување на препреките со кои се соочуваат децата од ранливите групи.

За таа цел, Фондацијата „Чекор по чекор“ распишува повик за обучувачи кои имаат искуство во држење обуки на тема Образование за социјална правда.

Главни задачи на обучувачите ќе бидат:

  • Подготвување агенда за четири дневна обука како и помошни материјали за истата;
  • Подготовка на краток опис на планираните активности;
  • Реализирање на обуката;
  • Доставување целосна документација по спроведената обука до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учесниците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим)

Поради ситуацијата предизвикана од КОВИД 19, дел од обуката ќе треба да се реализира на интернет (онлајн), а дел во живо во следниве градови: Скопје, Гостивар, Куманово, Прилеп. Предавачите треба да предвидат кои сесии ќе бидат одржани онлајн, а кои ќе треба да се реализираат во живо.

Временска рамка: септември, 2020 – 20 октомври, 2020

Барани квалификации и услови за работа:

  • Образование: прв циклус образование во педагогија /образовни науки, дефектологија, психијатрија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност. Кандидатите ќе треба да достават своја ажурирана биографија од која може да се види дека имаат соодветни компетенции и искуство:
  • Искуство во осмислување обуки за наставници на тема Образование за социјална правда.
  • Искуство во работа со претставници на граѓанскиот сектор и на образовни институции.
  • Искуство во спроведување обуки со наставници од основни училишта.
  • Сертификат за држење обука на тема Образование за социјална правда.

Надгледувањето на реализирањето на активностите го врши проектниот тим.

Доколку на проектниот тим му се потребни дополнителни информации за кандидатите, истите ќе бидат повикани на дополнителен разговор.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. Македонија, без разлика на етничката припадност. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Крајниот рок за доставување на апликациите е 17.09.2020 до 14 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието