Оглас за ангажирање на експерт за Проектот „ARISE: Акција за намалување на нееднаквоста во образованието“
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија отпочнува со спроведување на регионалниот проект „ARISE: Акција за намалување на нееднаквоста во образованието“, кој е финансиран со средства од Европската Унија, а се спроведува од конзорциум партнери во повеќе земји од регионов. Фондацијата „Чекор по чекор“ Македонија е одговорна за проектните активности кои ќе се спроведуваат во Република Северна Македонија.
Главна цел на проектот е јакнење на партиципативни демократии во процесот на приближување на политиките и практиката на земјите учеснички до стандардите на Европската Унија и подобрување на добрососедските врски меѓу земјите кандидатки и апликанти. Ова ќе се остварува преку градење на капацитетите на граѓанскиот сектор и подобрување на достапноста до квалитетно основно образование за деца од ранливи групи, особено за ученици со низок социо-економски статус.
За целите на овој проект Фондацијата е потребно да ангажира Експерт од областа на образовни политики и истражувања.
Цел на истражувањето: Спроведување детална анализа на политиките и системот за образовна и социјална поддршка на ученици со низок социо-економски статус како дел од регионално истражување кое се спроведува во 6 земји.
Задачи:
- Учество на регионални состаноци заради утврдување на методологија, известување за напредокот во истражувањето, и дефинирање на финалниот продукт
- Прилагодување на регионалната методологија на националниот и локалниот контекст
- Спроведување анализа на релевантни статистики, закони, стратегии, акциски планови, мерки итн. во областа на образованието, социјалната заштита и здравството со цел утврдување на политиките кои ја регулираат поддршката за ученици со низок социо-економски статус
- Спроведување анализа на трендови во клучни индикатори за инклузија и рамноправност
- Спроведување анализа на сеопфатни (меѓународни и национални) и академски истражувања кои го третираат прашањето на ученици со низок социо-економски статус
- Спроведување теренско истражување (фокус групи и интервјуа) со релевантни засегнати страни
- Подготвување национален извештај кои ќе утврди предизвици и бариери и ќе понуди предлози за промени во политиките и мерки за подобрување на состојбата на учениците со низок социо-економски статус.
Место на спроведување на активностите: повеќе локации во државата.
Временска рамка: 1 септември – 16 декември 2020
Работни денови: 30
Барани квалификации:
Образование: трет циклус универзитетски студии во областа на образованието и педагошките истражувања
Претходно искуство:
- учество во најмалку 5 и раководење со најмалку 3 национални истражувања во областа на образованието
- учество во подготвување на најмалку 5 образовни политики или стратегии
Вештини:
- способност за организирање и спроведување истражувања по електронски пат, вклучувајќи одржување фокус групи и состаноци
- солидно познавање на англискиот и српско/хрватско/босанскиот јазик.
Овој оглас е отворен само за државјани на Република Северна Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на англиски јазик на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Крајниот рок за доставување на апликацијата е 28.05.2020 до 16 часот.