Во рамките на проектот планирани се следниве активности:

  • Анализа на политики и истражувања на состојбите и поставеноста на системите со што ќе се понудат препораки за подобрувања и иновации;
  • Застапување и подигање на јавната свест преку развој на алатки и процеси и поддршка на граѓанското општество и на коалиции на засегнатите страни активни на полето на борбата против сиромаштијата, како и преку меѓународна конференција и национални и регионални настани наменети за унапредување на образовните политики;
  • Развивање на капацитетите на граѓански организации преку обуки, менторство, поддршка во работата, едукативни настани, студиска посета, „летна школа“, регионални работилници и програма за училишен развој;
  • Училишни интервенции во 5 училишта во секоја земја засновани на холистички училишен развој, менторство и развивање одржливи училишни практики со цел намалување на разликите и сиромаштијата.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието