Учесници во Проектот „АРИСЕ: Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“ остварија студиска посета во Словенија и Хрватска со цел запознавање до најдобрите практики за справување со сиромаштијата во образованието
Проектниот партнер НЕПЦ - Мрежа на центри за образовни политики, со чија стручна поддршка се спроведува Проектот „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“, во ноември 2022 г. организираше студиска посета на Хрватска и Словенија, со цел претставници од шесте земји учеснички во Проектот да се запознаат со иновативни добри и успешни практики во борбата против влијанието на сиромаштијата врз образованието на децата од семејства со низок социоекономски статус.
За време на посетата се организираа повеќе панел дискусии и работилници на следниве теми:
- Развојни училишни планови – пат кон подобрување на квалитетот на работата на училиштето
- Првични резултати од регионалната студија за влијанието на сиромаштијата врз учењето
- Регионална политика кон намалување на нееднаквостите во раното детство и основното образование во Округ Меѓумурје
- Иницијативи на ниво на училиште и локална заедница за намалување на нееднаквостите во образованието во општините Мала Суботица и Ореховица
- Словенечката национална политика кон намалување на нееднаквостите во образованието
- Училишни и политики за поддршка на ученици со низок социоекономски статус во земјите учеснички во проектот.
Воедно се посетија и основното училиште „Мала Суботица“ и игротеката „Ајде да одиме заедно“ во Мала Суботица, основното училиште во Ореховица, ромската населба Параг, ромската населба Ореховица (сите во Хрватска), како и основното училиште Тишина, Округ Тишина, во Словенија.
Проектот е финансиран од Европската Комисија