Прва кампања во рамки на проектот „Биди Ин, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија го спроведуваат Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. 

Во рамки на проектот предвидено е да се изработат три кампањи кои имаат за цел да ја подигнат свеста кај граѓаните за важноста на инклузивното образование, како и за обезбедување национална и локална поддршка, инвестирање и посветеност кон создавање инклузивни средини за учење, елиминирање на бариерите и подобрување на приемчивоста на сите засегнати страни како и на пошироката јавност.

Како дел од првата кампања подготвивме три посебни видеа со познати личности, во кои се упатуваат пораки за поголема инклузија, поголема прифатеност на лицата со попреченост, како и овозможување на еднакви можности за образование на сите деца. Трите видеа можете да ги погледнете во прилог:

Погледнете ги видеата со Албански превод:

 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието