Повторен повик за обука и прирачник на тема: БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА ВО ОНЛАЈН ПРОСТОРОТ

decata na prvo mesto header

I. Основни информации за организацијата

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор'' Македонија (Фондација Чекор по чекор) е основана во 2000 година со цел да ја продолжи воспитно-образовната методологија „Чекор по чекор” во градинките и основните училишта во Република Македонија. Мисијата на Фондацијата „Чекор по чекор”   е да изготвува, развива и спроведува програми кои го унапредуваат образованието и културата во современото општество како клучен фактор за образовен, културен, економски и социјален развој. „Чекор по чекор“ посветено работи на остварување на следниве стратешки приоритети: 1) подобрување на компетенциите на наставниците за реализирање современа наставна пракса, 2) подобрување на компетенциите кај децата за критичко размислување и самостојно учење и 3) промовирање  еднаков пристап до квалитетно образование за децата од ранливи групи.

 

II. За проектот

„Децата на 1-во место!“ е проект на  Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ финансиран од Европската Унија кој има за цел да го поддржи и промовира почитувањето на правата на детето како предуслов за демократски училишни заедници кои градат и негуваат активни и одговорни граѓани. Конкретните цели на проектот се: 1) Да се ​​залага за заштита на правата на детето преку собирање и анализа на податоци од истражување; 2) Да се ​​поддржи унапредувањето и заштитата на правата на детето во училиштата преку градење на капацитетите на учениците, наставниците и родителите и овозможување учеството на учениците во училишниот живот; и 3) Да се ​​подигне јавната свест за правата на децата, нивната заштита и учество преку јавна кампања. Проектот се спроведува во соработка со Народниот Правобранител и Министерството за образование и наука на РСМ.

 

III. ПОЗИЦИЈА 1 – ОБУЧУВАЧ/ ОРГАНИЗАЦИЈА за ТЕМАТСКА ЦЕЛИНА: БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА ВО ОНЛАЈН ПРОСТОРОТ

Опис на ангажманот

Цел на обуката: Да се подобрат капацитетите на наставниците, родителите и учениците за разбирање на безбедноста и заштитата на децата во онлајн просторот. Особено внимание ќе се посвети на следните теми:

  • Запознавање со законска регулатива за заштита на лични податоци
  • Запознавање со механизмите за заштита на лични податоци
  • Можни опасности во онлајн просторот
  • Механизми за заштита во онлајн просторот
  • Улогата на училиштето во заштита на децата во онлајн просторот

Од експерите обучувачи/организацијата се очекува:

  • да подготви програма и материјали за обука за еднодневна онлајн обука за наставници, ученици и родители.
  • да реализира најмалку 3 семинари (по еден за наставници, родители и ученици), со можност за организирање дополнителни семинари во случај на потреба и поголем интерес од учесниците.
  • да подготви извештај за спроведената обука со препораки за понатамошни активности за развој на компетенциите на учесниците.

Времетраење на ангажманот

Вкупниот ангажман е со траење од 6 работни дена (3 дена за подготовка на обуките и минимум 3 дена за изведба на обуките). Активностите треба да се спроведат во периодот 01 април 2024 г. до 30 јуни 2024 г.

Квалификации и искуство

  • високо образование, завршен втор/трет циклус се смета за предност
  • најмалку 5 години работно искуство во областа на заштита на лични податоци и безбедност на интернет и тоа во најмалку 3 проекти
  • искуство во организирање најмалку 7 обуки на полето на заштита на лични податоци и безбедност на интернет за ученици, наставници и родители

 

IV. ПОЗИЦИЈА 2 – ПОДГОТОВКА НА ДЕЛ ОД ПРИРАЧНИК

Опис на ангажманот

Цел на ангажманот: Подготвување на дел од прирачник кој ќе се користи за понатамошна дисеминација на обуката и за самостојно учење.

Потребно е да се подготви прирачник за понатамошна дисеминација на обуката, во кој ќе се:

  • сублимираат материјалите од обуката
  • дадат дополнителни ресурсни материјали, теоретски основи, практични идеи и извори за понатамошно самостојно учење
  • дадат препораки за интерна дисеминација на обуката во самите училишта овозможи и поттикне самостојно учење на сите заинтересирани наставници, членови на стручни служби, училишното раководство и родителите за механизмите за заштита на лични податоци, можни опасности во онлајн просторот и механизми за заштита и безбедност во онлајн просторот.

 

Времетраење на ангажманот

Ангажманот е предвиден со траење од 10 дена.

Квалификации и искуство

  • високо образование, завршен втор/трет циклус се смета за предност
  • најмалку 5 години работно искуство во областа на заштита на лични податоци и безбедност на интернет и тоа во најмалку 3 проекти
  • искуство во организирање најмалку 7 обуки на полето на заштита на лични податоци и безбедност на интернет за ученици, наставници и родители
  • искуство во креирање прирачници за обука за наставници, претставници на граѓанскиот сектор и работни материјали за ученици.

 

V. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните кандидати треба да поднесат:

  • Кратка биографија и копија од диплома за завршено образование,
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци (за организации)
  • Доказ за релизирани обуки за наставници, родители, ученици, претставници на граѓански сектор;
  • Доказ за изработени прирачници за обука на наставници и линк до истите доколку се достапни електронски, или копија од насловната страна каде се гледа името на авторот и содржина на прирачникот;
  • Предлог програма за обука во времетраење од еден ден;
  • Предлог буџет со финансиска пресметка за ангажманот по денови, со вкалкулирани трошоци за персонален данок;

Предлог планот за реализација ќе биде утврден заеднички со проектниот тим.

Генерални назнаки за двете позиции:

  • Се очекува заинтересираните понудувачи да се пријават за двете позиции. Фондацијата „Чекор по чекор“ го задржува правото да избере еден или повеќе експерти или организација, но и да не избере понудувач доколку процени дека поднесените понуди не ги задоволуваат очекувањата и предвидените барања.
  • Понудувачите кои ќе бидат поканети да развијат програми за обука треба да соработуваат тесно со проектниот тим и да ги консултираат наодите од националното истражување за детски права, ученичко учество и безбедност спроведено во рамки на проектот.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија кои ги исполнуваат наведените услови. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да ги достават потребните документи најдоцна до 29.03.2024 год. до 12 ч. на следните е-маил адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието