Повик за аплицирање за база на преведувачи

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’ го има за цел подобрувањето на јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, зајакнувањето на педагошките вештини на наставниците, особено вештините за формативно оценување и проценка на нивото на јазична и математичка писменост кај учениците, и подигањето на свеста кај целата заедница за важноста од јазична и математичка писменост во интелектуалниот развој на децата.

Проектот ќе се спроведува 30 месеци, од мај 2013 до ноември 2015 од страна на Фондацијата за образовни и културни инцијативи „Чекор по чекор’’ – Македонија.

Со цел ефикасно и квалитетно спроведување на проектот, предвидено е креирање дата база на преведувачи кои ќе го поддржат и олеснуваат реализирањето на проектните активности преку превод на пишани материјали, устен (консекутивен и/или симултан) превод за време на настани и теренски активности, како и при комуникацијата со клучните образовни институции, општини и проектни партнери.

Сите заинтересирани и квалифицирани кандидати кои имаат минимум 5 години искуство за превод македонски - англиски и албански - македонски - англиски се повикуваат да достават: 

  • Кратка Биографија (CV)
  • Писмо за интерес
  • Понуда што вклучува: 

1. Писмен превод (цена по страна -стандард 1800 карактери); 

2. Симултан превод (8 часа - работен ден);

3. Консекутивен превод (8 часа - работен ден);

4. Лектура на писмен превод (цена по страна -стандард 1800 карактери).

Ве молиме сите цени на услугите наведете ги во НЕТО износ.

Апликациите треба да се поднесат најдоцна до 02.09.2013 на е-маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието