ПОВИК ЗА ПРЕВЕДУВАЧИ И ЛЕКТОРИ

Со цел ефикасно и квалитетно спроведување на проектните активности кои ги реализира, Фондацијата „Чекор по чекор“ ја ажурира својата дата база на преведувачи и лектори кои го поддржуваат и олеснуваат реализирањето на нашите активности преку превод на пишани материјали, устен (консекутивен и/или симултан) превод за време на настани и теренски активности, при комуникацијата со клучните образовни институции, општини и проектни партнери и преку лектура на пишани материјали неопходни за реализација на активностите на Фондацијата.

Сите заинтересирани и квалификувани преведувачи кои имаат минимум 5 години искуство за превод македонски - англиски и албански - македонски - англиски како и сите заинтересирани и квалификувани лектори со минимум 5 години искуство за лектура и јазична редакција на писмен превод на македонски и албански јазик се повикуваат да достават:

1. За преведувачи:

  • Кратка Биографија (CV)
  • Писмо за интерес
  • Понуда што вклучува: 
- Писмен превод (цена по страна -стандард 1800 карактери без проред); 

- Симултан превод (8 часа - работен ден);

- Консекутивен превод (8 часа - работен ден).

2. За лектори:

  • Кратка Биографија (CV)
  • Писмо за интерес
  • Понуда што вклучува: 

- Лектура на писмен превод (цена по страна -стандард 1800 карактери без проред);

- Јазична редакција (цена по страна - стандард 1800 карактери без проред).

Ве молиме сите цени на услугите наведете ги во НЕТО износ.

Ве молиме назначете дали постои можност за прилагодување на понудените цени во однос на буџетот за бараните услуги со кој располага Фондацијата.

Апликациите треба да се поднесат најдоцна до 17.02.2014 на е-маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


Сите оние кои доставија апликации како одговор на отворениот повик објавен во август, 2013 се молат да испратат потвда дали сè уште стојат на располагање под условите што ги понудија. 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието