Повик за аплицирање за доделување на грантови/пакети за поддршка на училишта
Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, а во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија, а има за цел да придонесе кон целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, кои прераснуваат во безбедни средини што се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби. Почетен и главен елемент на Проектот е доделување на стипендии на ученици со попреченост запишани во почетните одделенија во основното образование.
Целта на овој повик е да ги поттикне и да им помогне на училиштата каде учат учениците со попреченост - корисници на стипендии од Проектот да ја подобрат својата инклузивност и пристапност. Во тој контекст, до Проектот може да се достави апликација за финансиска поддршка од оние редовни основни училишта кои вклучуваат двајца или повеќе ученици со попреченост - корисници на стипендии, наменета за подобрување на физичката пристапност до и во училиштата и на условите за учење, социјализација, рекреација и рехабилитација, кои се од клучна важност за градење на инклузивни образовни средини.
За таа цел, Проектот го распишува овој отворен повик за доделување грантови/ пакети за поддршка на редовни училишта во кои се запишани и во кои редовно посетуваат настава ученици со попреченост - корисници на стипендии. До крајот на Проектот, со грантови/ пакети за поддршка ќе бидат поддржани уште 28 училишта. Процесот на аплицирање ќе се врши во неколку фази:
- Се поднесува Формулар за аплицирање во кој се наведува видот на потребната поддршка, истата накусо се образложува и се даваат податоци за искуството на училиштето со процесот на инклузија. Формуларот е достапен ТУКА.
- Училиштата кои ќе искажат интерес и ќе поднесат целосно пополнет Формулар ќе бидат посетени од Проектниот тим со цел да се потврди потребата на училиштето и потребите на учениците - стипендисти и останатите ученици со попреченост во училиштето. Дополнително, Проектниот тим ќе биде во постојана комуникација со родителите на учениците - стипендисти со цел да се осигура дека училиштето практикува позитивни инклузивни практики и работи на создавање на инклузивна клима во училиштето.
- По позитивно мислење од Проектниот тим и одобрување на поднесениот Формулар, училиштето започнува со подготовка на детален опис на интервенцијата која ја бара во училиштето. Проектниот тим им стои на располагање на сите апликанти да им помогне во елаборирањето на неопходните програмски, финансиски и административни барања во деталниот опис.
- Успешно подготвениот детален опис се поднесува до Советодавното тело на Проектот на одобрување.
- да имаат запишано 2 или повеќе ученика со попреченост - корисници на стипендии од Проектот;
- да покажат посветеност кон процесот на инклузија во редовното образование и полза од предложеното подобрување за учениците со попреченост, преставувајќи го своето искуство во формуларот;
- предложената активност јасно да го поддржува процесот на градење инклузивно училиште и да е насочена кон подобрување на пристапноста на училишната зграда и/или условите за учење;
- во континуитет да имаат проактивен инклузивен пристап кон сите ученици со посебни потреби (со податоци за вкупен број на ученици кои во моментов го посетуваат училиштето и кои таму го завршиле своето образование);
- да посочат преземени активности и/или мерки за подобрување на квалитетот на образованието за учениците со попреченост;
- да вложуваат дополнителни напори и/или средства за подобрување на условите и пристапноста за учениците со попреченост;
- да ја вклучуваат локалната заедница и засегнатите страни во подобрување на условите за образование на сите деца, вклучувајќи и ученици со попреченост и во обезбедување на дополнителни финансиски средства.
Едно училиште може да добие само еден грант / пакет за поддршка во текот на проектот. Висината на грантот/ пакетот за поддршка се движи меѓу 1000-5000 ЕУР и ќе зависи од исполнувањето на горенаведените квалификациски критериуми.
Апликациите можат да се поднесуваат почнувајќи од објавувањето на огласот на 15.10.2021 заклучно со 14.10.2022. Вреднувањето на апликациите ќе се врши тековно. Формуларот за аплицирање може да се достави до Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ на Партизански одреди 72а (мезанин), Скопје, лично во периодот меѓу 8 и 15 часот, по пошта, или скениран на следнава е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
За сите дополнителни информации контактирајте на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на:Елена Мишиќ на 070 398 769
Бранка Џајковска на 075 475 891