Повик за ангажирање соработник за снимање и монтажа на дигитална аудио сликовница со знаковен јазик во рамки на проектот Децата на 1-во место!

decata na prvo mesto header

I. Основни информации за организацијата

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор'' Македонија (Фондација Чекор по чекор) е основана во 2000 година со цел да ја продолжи воспитно-образовната методологија „Чекор по чекор” во градинките и основните училишта во Република Македонија. Мисијата на Фондацијата „Чекор по чекор”   е да изготвува, развива и спроведува програми кои го унапредуваат образованието и културата во современото општество како клучен фактор за образовен, културен, економски и социјален развој. „Чекор по чекор“ посветено работи на остварување на следниве стратешки приоритети: 1) подобрување на компетенциите на наставниците за реализирање современа наставна пракса, 2) подобрување на компетенциите кај децата за критичко размислување и самостојно учење; и 3) промовирање  еднаков пристап до квалитетно образование за децата од ранливи групи.

II. За проектот

„Децата на 1-во место!“ е проект на  Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ финансиран од Европската Унија кој има за цел да го поддржи и промовира почитувањето на правата на детето како предуслов за демократски училишни заедници кои градат и негуваат активни и одговорни граѓани. Конкретните цели на проектот се: 1) Да се ​​залага за заштита на правата на детето преку собирање и анализа на податоци од истражување; 2) Да се ​​поддржи унапредувањето и заштитата на правата на детето во училиштата преку градење на капацитетите на учениците, наставниците и родителите и овозможување учеството на учениците во училишниот живот; и 3) Да се ​​подигне јавната свест за правата на децата, заштитата и учеството преку јавна кампања. Проектот се спроведува во соработка со Народниот Правобранител и Министерството за образование и наука на РСМ.

III. Опис и времетраење на ангажманот

Фондацијата „Чекор по чекор“ има потреба од ангажирање соработник за снимање дигитална верзија од илустрирана сликовница на толковен јазик. Ангажманот би опфатил снимање на толкувач на знаковен јазик,  монтажа и читање нарација, звучни ефекти и монтажа на видео со анимации.

Активностите со снимање и монтажа треба да се спроведат и дигиталната сликовница на толковен јазик да биде завршена најдоцна до 10 февруари 2024 година.

IV Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати за овој повик е потребно:

  • да имаат искуство во подготовка, снимање и продукција на видеа (минимум 5 видеа);
  • да имаат искуство со реализирање на активности поврзани со образование на деца и млади;

Заинтересираните кандидати за да се пријават по повикот треба да достават:

  • Биографија и портфолио од слични активности како бараната со овој повик;
  • Предлог буџет со финансиска пресметка за ангажманот по тип на активности, со вкалкулирани трошоци за персонален данок;
  • Предлог план за реализација на предвидените активности.

Генерални назнаки:

  • Фондацијата Чекор по чекор го задржува правото да не избере кандидат доколку процени дека поднесените понуди не ги задоволуваат очекувањата и предвидените барања.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија кои ги исполнуваат наведените услови. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да ги достават потребните документи најдоцна до 18.01.2024  г. до 15 ч. на следните е-маил адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието