Отворен повик за практикантска позиција на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од 1 практикант за работа на проектот на УСАИД со „Со читање до лидерство“.
Подолу опишаната позиција е наменета само за македонски државјани.
Кандидатите треба да достават кратко мотивациско писмо и ажурирана биографија на следнава email адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Кандидатите се молат да наведат за која позиција се пријавуваат.
ПРОДОЛЖЕН КРАЈНИОТ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ ДО 03.02.2014
Избраните кандидати ќе бидат известени за терминот на интервјуто.


Главни задолженија и обврски
Обврска на практикантот е секојдневно да помага при задолженијата на колективот на Фондација „Чекор по чекор“. Практикантот му помага на извршниот директор и колективот во генералните канцелариски задолженија, врши подготовка на материјали за семинари и други настани во рамки на проектот и логистички ги поддржува истите.
Под раководство на колективот на Фондацијата, практикантот ќе ги извршува следниве активности:

  • обезбедува логистичка и друга неопходна поддршка на проектните активности;
  • помага во организација на настани, семинари и состаноци;
  • ги архивира електронските материјали и материјалите во пишана форма;
  • помага во подготовка и преведување на промотивните материјали;
  • ја одржува и редовно ја надополнува Facebook страната на проектот;
  • други сродни задолженија.

За својата работа практикантот има обврска да подготви и достави месечен работен план и извештај. Планот и извештајот ги подготвува заедно со проектниот координатор.   

Барани квалификации:
Образование: ВСС или последна година од студии
Претходно работно искуство: Не е задолжително.
Тренинг на работното место: Упатување во полисите и процедурите на Фондацијата „Чекор по чекор“  во текот на извршувањето на дадените задолженија, како и за Кодексот на однесување.
Познавање јазици: Напредно познавање на англиски јазик (течно); неопходни се развиени комуникациски вештини, читање и пишување.
Знаење: Разбирање на образовниот систем во Македонија.
Вештини и способности: Компјутерски вештини (вешто користење на MS Office), познавање и користење на социјалните мрежи за промоција на проектот, комуникациски вештини.

Дополнителни информации:
Опрема која ќе се користи: Компјутери
Патувања и прекувремена работа: повремено патување надвор од канцеларија до сите делови од Македонија и надвор од Македонија ако е потребно. Повремен ангажман за време на викенди.
Конторола: надгледувањето го врши проектниот координатор.


ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието