Оглас за ангажирање поединци/компании за подготовка и реализација на видео материјали за кампања како дел од проектот „И јас имам глас“
|
Еден од главните приоритети на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ е квалитетно образование за сите деца, особено за децата од ранливите групи. Фондацијата го реализира Проектот „И јас имам глас“, финансиран од Save the Children и Шведската агенција за меѓународен развој, SIDA. Проектот има за цел да ги промовира детските права и ученичкиот активизам.
СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОДИГНЕ ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА правата на децата и ученичката партиципација ФОНДАЦИЈАТА ЌЕ СПРОВЕДЕ КАМПАЊА ЗА КОЈА Е ПОТРЕБЕН ЕКСПЕРТ ЗА ПОДГОТОВКА И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ.
Промотивната кампања има за цел:
- ДА ЈА ЗГОЛЕМИ СВЕСНОСТАза правата на децата
- ДА ЈА ИНФОРМИРА и ЕДУЦИРАјавноста за потребата од вклучување на учениците во решавање на проблемите кои ги засегаат.
ОПИС НА АНГАЖМАНОТ
1. Подготовка и реализација на 3 видеа (секое видео е со должина од најмногу 40 секунди и во формат за прикажување на ТВ):
- состаноци со проектниот тим за дефинирање на содржината на видеата;
- подготовка на визуелниот идентитет на видеото;
- снимање на видеата;
- монтажа и продукција на видеата.
2. Подготовка и реализација на 17 видеа со пораки поврзани со детските права на македонски јазик (видеата се наменети за Facebook кампања)
- состаноци со проектниот тим за дефинирање на содржината на видеата;
- подготовка на визуелниот идентитет на видеото;
- снимање на видеата;
- монтажа и продукција на видеата.
3. Подготовка и реализација на 1 промотивно видеo (должина од најмногу 60 секунди, во формат за прикажување на ТВ):
- состаноци со проектниот тим за дефинирање на содржината на видеата;
- подготовка на визуелниот идентитет на видеото;
- снимање на видеата;
- монтажа и продукција на видеата.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ
Подготовка и реализација на 3 видеа за ТВ прикажување- Рок: 15 декември 2021.
Подготовка и реализација на 17 видеа со пораки поврзани со детските права на македонски - Рок: 10 декември 2021.
Подготовка на едно промотивно видео за ТВ - Рок: 15 декември 2021.
КАНДИДАТОТ КОИ СЕ ПРИЈАВУВАА НА ОВОЈ ПОВИК ТРЕБА:
- да има искуство во подготовка, снимање и продукција на видеа (минимум 10 видеа);
- да има искуство со реализирање на активности поврзани со образование на ранливи групи (минимум 5 активности);
- да има соодветно образование т.е завршен факултет за драмски, филмски или ликовни уметности;
- да достави понуда со предлог буџет и предлог план за реализација на предвидените активности. Во предлог буџетот треба да се вкалкулирани трошоците за персонален данок и сите други дополнителни трошоци поврзани со снимањето и продукцијата на видеа.
КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
- ЦЕНА (55%)
- СООДВЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ И ИСКУСТВО (45%)
Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија кои ги исполнуваат наведените услови. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа.
Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават куса професионална биографија, предлог план и предлог буџет за секоја ставка на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Предлог буџетот треба да биде изразен во ЕУР, во следниот формат:
Опис |
Количина |
Единечна цена во ЕУР |
Вкупна цена во ЕУР
|
Подготовка и реализација на видеа за ТВ прикажување |
3 |
||
Подготовка и реализација на видеа со пораки поврзани со детските права |
17 |
||
Подготовка и реализација на видео за ТВ прикажување |
1 |
||
ВКУПНО |
Проектот го задржува правото да не избере понудувач доколку процени дека доставените предлози не одговараат во целост со потребите. Проектот исто така го задржува правото, во договор со избраниот понудувач, да ја промени временската динамика, како и да ги модифицира барањата врзани за очекуваните резултати. Проектот го задржува правото да воведе дополнителни разумни критериуми и побара дополнителна документација.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 15. 11. 2021 година, до 13:00 часот.