Јавен повик за набавка на опрема за Проектот Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран

ОБЈАВА ЗА НАБАВКА НА РЕХАБИЛИТАЦИСКА ОПРЕМА ЗА НАДВОРЕШНИ ИГРАЛИШТА


1. Објавa број: БИДИ ИН - 2021/2
2. Финансирање: Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди Инклудиран“ финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија , во оваа активност и од други донатори (понатаму само Проектот)
3. Нарачател: Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ (понатаму само Фондацијата)
4. Корисници на опремата: 8 училишта од Република Северна Македонија

ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА

5. Опис на набавката:
Предмет на набавката е испорака, инсталација и одржување во и вон гарантен рок на рехабилитациска опрема за надворешни игралишта.

6. Име на целината РЕХАБИЛИТАЦИСКА ОПРЕМА ЗА НАДВОРЕШНИ ИГРАЛИШТА


УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

7. Подобност и правила на потекло
(1) Понудувачи можат да бидат трговски фирми од Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РСМ) и од странство. Оние фирми со кои Фондацијата има претходно соработувано мора целосно, квалитетно и навремено да ги имаат исполнето евентуалните поранешни обврски.
Воедно, понудувачите не смеат да се најдат во ниту една од следниве ситуации:
• да се во стечај, неликвидни или во постапка на ликвидација, каде со нив управуваат стечаен управник или суд, односно се во договор со доверители,
• да се суспендирани нивните деловни активности,
• со конечна пресуда или конечна административна одлука да е утврдено дека ги прекршиле своите законски обврски за плаќање даноци или придонеси;
• со конечна пресуда или конечна административна одлука е утврдено дека се виновни за сериозни повреди на законските или етичките стандарди на професијата, и
• да ги нарушуваат етичките стандарди на професијата со стапување во договор со други економски оператори со цел нарушување на конкуренцијата.

(2) Воедно понудувачите треба да бидат во состојба, односно да поседуваат доволни финансиски, технички и кадровски капацитети за да ги исполнат барањата од соодветната целина/соодветните целини на која/кои се пријавуваат.

(3) Потекло на производите и националноста на понудувачот: Нема ограничувања врзани со националноста на понудувачот, согласно договорот за Спроведување на проектот (ИПА/2020/417-989) потпишан меѓу Европската Унија и Фондацијата, но производите кои се нудат мора да имаат потекло од Земјите членки на ЕУ, Велика Британија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора, Турција и Република Северна Македонија. Овој критериум се воведува со цел обезбедување на соодветен квалитетна понудените производи и придржување кон стандардите за еко-биолошка безбедност. Сертификатот за стандард за квалитет (ISO) исто така ќе се земе предвид при доделувањето на бодови поврзани со квалитет.
Седиштето на производителот ќе се докажува со официјална писмена изјава, а земја на производство со сертификат добиен при увоз кој е прифатен како валиден и во процесот на царинење во РС Македонија (Еур 1, фактура со зацрнети влезни цени, во која се наведени земји на потекло, заверена од извозната царина или сл.). Овие документи не треба да се достават во понудата, туку ќе се достават од најуспешниот понудувач пред испорака и ќе бидат услов за исплата.
Фондацијата го задржува правото да се увери во квалитетот со увид во примероци.

8. Основа за исклучување
Понудувачите мора да изјават дека не се во ситуација наведена во првиот дел на Точка 7 и дека ги исполнуваат барањата од вториот дел од Точка 7, што се прави со пополнување на самиот Образец за понуда, во делот Изјава согласно барањата на тендерот.

9. Број на понуди
Еден понудувач може да даде една целосна понуда, т.е. целината е предмет на еден договор и спецификацијата дадена во неа е неделива. Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки на зададената целина. Некомплетни понуди нема да бидат разгледувани.

10. Гаранции
Понудувачите НЕ ТРЕБА да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција).
На успешниот понудувач ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот, изразена во МКД. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена пред потпишување на договорот од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач. Оваа гаранција ќе се побара САМО доколку првоизбраниот Понудувач побара авансно плаќање.

11. Валидност на понудата
Понудите мора да останат валидни до 31 декември 2021 година.

12. Краен рок на извршување
40 календарски дена по доставување на писмено барање за сукцесивна нарачка од страна на Фондацијата.


КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

13. Бодување и критериуми
45% (од вкупните бодови) = Цена на побараните производи
5 % (од вкупните бодови) = Цена за транспорт
10 % (од вкупните бодови) = Гарантен рок
5 % (од вкупните бодови) = Референци на понудувачот во РСМ
10 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање
25 % (од вкупните бодови) = Квалитет, кој се докажува со потврда за земја на потекло / земја на производство и потврда за ISO Стандард.


КОНКУРИРАЊЕ

14. Како да ја набавите комплетната документација
Комплетната документација ќе ја добиете со симнување ТУКА.

Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат: по писмен пат на адреса на Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ (Бул. Партизански Одреди 72а, мезанин, 1000 Скопје) и на електронска пошта на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), не подоцна од 4 ден од последниот рок за примање на понудата даден во Точка 15. Фондацијата (ќе одговори на прашањата на ист начин во рок од 1 ден).

15. Краен рок за поднесување на понудите
Заинтересираните понудувачи своите понуди (ЕДЕН ОРИГИНАЛ НА ХАРТИЈА) треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена „Објава бр. БИДИ ИН - 2021/2“, на рака или по курирска пошта на следнава адреса:

Фондација „Чекор по чекор“, бул. „Партизански одреди“ 72а (мезанин), 1000 Скопје, РСМ

За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на Фондацијата, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.

Краен датум за достава на понудите: најдоцна до вторник, 16.02.2021 год. до 16.00 часот.

16. Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.

Јавно отворање на понудите нема да има!

Договорот ќе се потпише во рок од 7 дена од отворањето на понудите.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието