Отворен повик за споделување успешни искуства и активности од раното јазично и математичко описменување - ПРОДОЛЖЕН РОК ДО 30 ЈУНИ

Povik za uspeshni prikazni mk

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ објавува повик за споделување успешни искуства и активности од областа на раната јазична и математичка писменост кај учениците од почетните одделенија. Повикот е наменет за одделенските наставници, претставници од стручната служба, библиотекарите, директорите на основните училишта, родителите и останатите членови од семејството и заедницата кои сакаат да споделат лични искуства од успешни активности реализирани во училиштето или домот, насочени кон подобрување на раната јазична и математичка писменост.
Целта на овој повик е да се соберат релевантни и позитивни искуства од лица вклучени во процесот на описменување и образование на најмладите ученици. Со споделување на вашите искуства и информации, вие придонесувате за градење ризница позитивни практики за подобрување на раната писменост. Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ ќе се стреми да најде соодветни канали за споделување на најдобрите примери со сите кои се вклучени во процесот на описменување на децата.

Што значи успешна активност од областа на раната јазична и математичка писменост?
- лесно применлива
- исплатлива и рационална при користење на ресурси
- креативна и интересна за децата
- дава позитивни резултати кај децата и придонесува за нивно описменување

Зошто да се пријавите на овој повик?
- Можност за афирмација на вашата работа
- Можности за соработка и учење
- Можност да помогнете со вашето позитивно искуство и на останатите

Повикот е отворен во периодот од 10 мај до 30 јуни 2016 година и се состои од два дела:

1. Повик за споделување успешни искуства и практики во подучување и описменување – повикот е наменет за сите заинтересирани (одделенски наставници, претставници од стручната служба, библиотекари, директорите на основните училишта, родителите и останатите членови од семејството и заедницата)
Примерите на успешни искуства и активности од областа на раната писменост можат да се многубројни и различни, а во продолжение споделуваме само мал дел од нив за да послужат како почетна инспирација и насока:
- Имате успешна приказна како РОДИТЕЛ која сакате да ја споделите со нас и се однесува на читање книги со вашите деца дома, учење математика низ игра, добра комуникација со наставникот на вашето дете;
- Имате позитивно искуство како ОДДЕЛЕНСКИ НАСТАВНИК при изработка на свои дидактички материјали, користење техники за подучување мајчин јазик и математика или прилагодување на истите за деца со различни образовни потреби или стилови на учење;
- Како претставник од СТРУЧНА СЛУЖБА во училиштето, имате искуство во однос на подготовка и користење алатки за следење на раната писменост кај учениците, организација на работилници за одделенски наставници и родители за техники за рана писменост;
- Во улога на УЧИЛИШЕН БИБЛИОТЕКАР, имате воспоставено систем за популаризација на книги за најмладите;
- Во улога на УЧИЛИШЕН ДИРЕКТОР имате искуство во собирање средства и соработка со локалната заедница за да создадете подобри услови за учење во училиштето, или, пак, ги поддржувате наставниците и стручната служба да создадат ресурсен центар со дидактички материјали во училиштето;
- Како ЧЛЕН ОД СЕМЕЈСТВОТО му помагате на детето во изработка и читање сликовници, пишување во домашна задача или вежбате математика додека заедно го поминувате слободното време.

Доколку се пронаоѓате во некоја од горенаведените улоги, симнете го образецот за пријава на успешна практика ТУКА. Пополнетиот образец, заедно со пропратни материјали (фотографии, видеа, изработки од учениците/децата) испратете ги на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 10 јуни 2016 година.

2. Подготовка и реализација на час со примена на сликовници од збирката „Нашата прва библиотека“ – повик наменет за наставници
Доколку сте oдделенски наставник и сакате да користите сликовници во наставата по мајчин јазик, но и математика, природни и општествени науки, збирката од 20 наслови сликовници „Нашата прва библиотека“, подготвена од страна на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ е достапна во печатена и дигитална форма:
- во електронска форма (аудио-дигитална и PDF формат) во Дигиталната библиотека на Фондацијата „Чекор по чекор“  
- во печатена форма, збирката сликовници е дистрибуирана до секоја училница од 1-3 одделение во сите основни училишта во државата, како и во сите училишни и градски библиотеки.
Одберете сликовница од збирката „Нашата прва библиотека“ која ќе ја користите на часот и направете дневна подготовка користејќи еден од двата обрасци во продолжение:
Образец бр.1 за подготовка за час може да го симнете ТУКА
или:
- Образец бр.2 за подготовка за час може да го симнете ТУКА
*Ве молиме одберете еден од двата примери, според вашите потреби. 

Пополнетите подготовки за час, заедно со пропратни материјали (фотографии, работни листови итн.) испратете ни ги на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 10 јуни 2016 година

* Не постои ограничување во бројот на пријави кои може да ги испрати секој заинтересиран.

За дополнителни информации и прашања, обратете се во канцеларијата на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ на телефон: 02/3077-900 или по електронска пошта кај Ана Димовска, координатор за комуникации и информирање: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието