Три повици за фасилитатори и обучувачи

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија со поддршка на “Save the Children International” – Косово и Шведската Интернационална Агенција за развој го реализира проектот „И јас имам глас“, со цел градење на капацитети на децата и младите за активно и одговорно граѓанство и придонес кон подигне на јавната свест за важноста на проактивното почитување на правата на децата.  Проектот се реализира во рамките на Регионалниот проект за создавање одговорен систем кој гради механизми за почитување на правата на децата, во периодот 2018-2021 година.

Преку активностите кои се реализираат во проектот, учениците се оспособуваат за изразување на своето мислење и преземање активности за подобрување на состојбите кои ги засегаат нив и нивните врсници, преку обуки, учество во секции и клубови и спроведување промотивни училишни акции, со цел да се изгради училишна клима која промовира соработка со и заштита на децата.

Повикот е отворен за експерти обучувачи, ментори и фасилитатори за следниве активности кои ќе бидат реализирани во проектните основни училишта под слоганот „И јас имам глас!“ во периодот август - декември 2020 г.

ПОЗИЦИЈА 1: 2 ОБУЧУВАЧИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И СПРАВУВАЊЕ СО НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕЦАТА, СО ОСОБЕН ОСВРТ НА НАСИЛСТВО ВО УСЛОВИ НА ИЗОЛИРАНОСТ ПОРАДИ КОВИД-19 И САЈБЕР НАСИЛСТВО

Цел на ангажманот:

Активностите во рамките на оваа обука ќе се фокусираат на градење компетенции кај наставници, директори, членови на стручни служби, родители, ученици од предметна настава и вработени во локалната самоуправа во 4 општини (Карпош, Гази Баба, Старо Нагоричане и Тетово) преку спроведување онлајн работилници за справување со последиците од социјалната изолираност на учениците, наставниците и семејствата поради КОВИД-19. За спроведување на работилниците Фондацијата ќе ангажира двајца обучувачи.


Главни задачи на обучувачите се:

  • Осмислување на циклус на 56 обуки за различните засегнати страни, со утврдување на теми и подготвување на програма, соодветно развиени презентации и материјали и прашања за дискусија, на македонски и албански јазик,
  • Спроведување на 56 полудневни работилници во период од 4 месеци:
    • 16 работилници за наставници, стручни служби и директори од проектните основни училишта
    • 16 работилници за ученици од проектните основни училишта
    • 16 работилници за родители од проектните основни училишта
    • 8 работилници за претставници на локалните самоуправи и заинтересирани основни училишта  од четирите општини.
  • Доставување целосна документација по спроведената активност до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим).

Обуките ќе се организираат по електронски пат преку платформата ЗООМ.

Временска рамка: септември - декември 2020

Барани квалификации и предуслови за  работа:

  • Образование: прв циклус образование во општествени, образовни или медицински науки, педагогија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност;
  • Компетенции за подготвување циклуси обуки и организирање семинари и работилници на тема спречување на насилство врз деца, работа со деца - жртви на насилство;
  • Вештини за пишување и навремено испорачување на концизни и информативни извештаи;
  • Флексибилност за одржување на работилниците во текот на целиот ден, по потреба и преку викенд;
  • владеење со албанскиот јазик (за еден од експертите).


Претходно искуство:

  • Искуство во организирање обуки на тема социјална правда, врсничко насилство, спречување на насилство врз деца и/или работа со деца - жртви на насилство;
  • Искуство во спроведување практични обуки и работилници за наставници, директори, стручни служби, родители и ученици;
  • Претходно искуство во спроведување обуки со наставници и ученици од основни училишта.


Други вештини и способности:

  • Добри ИКТ вештини, особено искуство во организирање работилници преку платформата ЗООМ;
  • Добри комуникациски вештини.

 

ПОЗИЦИЈА 2: ОБУЧУВАЧИ ЗА ГРАДЕЊЕ КОМПЕТЕНЦИИ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПОЧИТУВАЊЕТО НА ДЕТСКИТЕ ПРАВА

Цел на ангажманот:

Активностите во рамките на оваа обука ќе се фокусираат на градење компетенции кај учениците, особено членовите на ученичкиот парламент, за развивање и примена на училишни и локални механизми за следење на степенот на почитување на детските права на ниво на училиште и општина и учество во дефинирање на приоритети за акција во четири основни училишта во општините Карпош, Гази Баба, Старо Нагоричане и Тетово преку спроведување онлајн работилници и пружање менторска поддршка. За спроведување на активностите Фондацијата ќе ангажира еден обучувач.


Главни задачи на обучувачите се:

  • Осмислување на циклус на 20 работилници и менторски средби, со утврдување на теми и подготвување на програма, соодветно развиени презентации и материјали и прашања за дискусија, на македонски и албански јазик,
  • Спроведување на 8 полудневни работилници за членовите на ученичкиот парламент за градење вештини за следење на остварувањето на детските права во училиштето преку подготвување на онлајн анкета за проценка на состојбите, детските искуства од КОВИД-19 кризата и утврдување на лични и образовни потреби на учениците;
  • Организирање на 4 менторски средби за поддршка на учениците во процесот на проценка на потребите и изготвување на препораките;
  • Спроведување на 8 полудневни работилници за членовите на ученичкиот парламент за развивање на модел на Општина која ги промовира детските права.
  • Доставување целосна документација по спроведената активност до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим).

Обуките ќе се организираат по електронски пат преку платформата ЗООМ.

Временска рамка: септември - декември 2020

Барани квалификации и предуслови за  работа:

  • Образование: прв циклус образование во општествени, образовни или медицински науки, педагогија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност;
  • Компетенции за подготвување циклуси обуки и организирање семинари и работилници на тема детски права;
  • Вештини за пишување и навремено испорачување на концизни и информативни извештаи;
  • Флексибилност за одржување на работилниците во текот на целиот ден, по потреба и преку викенд;
  • владеење со албанскиот јазик.


Претходно искуство:

  • Искуство во организирање обуки на теми поврзани со областа на детски права;
  • Искуство во спроведување практични обуки и работилници за ученици.


Други вештини и способности:

  • Добри ИКТ вештини, особено искуство во организирање работилници преку платформата ЗООМ;
  • Добри комуникациски вештини.

 

ПОЗИЦИЈА 3: ЕКСПЕРТ ЗА ПРУЖАЊЕ ПСИХОСОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА НА ДЕЦА И СЕМЕЈСТВА, СО ОСОБЕН ОСВРТ НА ПОТЕШКОТИИ КОИ СЕ ДОЛЖАТ НА СОЦИЈАЛНОТО ДИСТАНЦИРАЊЕ И ИЗОЛИРАНОСТ ПОРАДИ КОВИД-19

Цел на ангажманот:

Активностите во рамките на оваа обука ќе се фокусираат на поддршка на учениците и семејствата во справување со последиците од социјалната изолираност која настана поради КОВИД-19 и насоките за физичко дистанцирање од една страна и одвивањето на наставата на далечина во последните месеци од учебната 2019/2020 година. Активностите ќе се организираат во вид на индивидуални сесии или работа со мали групи и ќе ги вклучат учениците од проектните училишта во општините Карпош, Гази Баба, Старо Нагоричане и Тетово). За спроведување на работилниците Фондацијата ќе ангажира еден експерт.

Главни задачи на експертот се:

  • Спроведување на 16 сесии, индивидуални или во мали групи, со ученици од проектните училишта кои имаат потреба од стручна помош во справување со последиците од социјалното дистанцирање;
  • Пружање специјалистичка помош на учениците и нивните семејства, и по потреба упатување за понатамошна интервенција;
  • Доставување извештај за спроведените активности со полно почитување на начелото на доверливост и заштита на личните податоци.

Сесиите ќе се одржат по електронски пат преку платформата ЗООМ.

Временска рамка: септември - декември 2020

Барани квалификации и предуслови за  работа:

  • Образование: прв циклус образование во медицински науки или психологија; специјализација во работа со деца и семејства се смета за значителна предност;


Претходно искуство:

  • Искуство во пружање индивидуална високо специјализирана помош на деца и семејства.


Други вештини и способности:

  • Флексибилност за одржување на сесии во текот на целиот ден, по потреба и преку викенд;
  • Добри ИКТ вештини, особено искуство во организирање работилници преку платформата ЗООМ;
  • Добри комуникациски вештини.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес, назначувајќи ја позицијата за која аплицираат, и ажурирана професионална биографија  на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 21.08.2020 до 16 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието