Отворен повик за ангажирање Координатор за поддршка на училиштата

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, објавува повик за ангажирање Координатор за поддршка на училиштата. Повикот се објавува во рамки на проектот РЕДОВНО НА ЧАСОВИ: Акција за вклучување на Ромите во основното образование кој е финансиран од Европската Унија а го спроведува „Фондацијата Отворено општество – Македонија“. Проектот има за цел да обезбеди стипендии за вклучување што поголем број деца Роми во основното образование и да обезбеди поддршка на училиштата да создадат инклузивна средина за учење каде ќе се почитува различноста и каде сите деца ќе се чувствуваат добредојдени и подеднакво стимулирани да успеат. Повеќе информации можете да најдете на следниот линк.

Од Координаторот за поддршка на училиштата се очекува да ги извршува следниве задачи:

  • Подготвување повик за пријави за училишни грантови
  • Прегледување на доставените пријави и пружање поддршка на Советодавниот одбор во процесот на избор на најдобрите училишни проекти
  • Подготвување договори со училишта за грантирање
  • Учество во процесот на следење на спроведувањето на училишните активности поддржани со грантовите
  • Спроведување набавка за училиштата во тесна соработка со Координаторот за финансии и набавки
  • Учество на координативни состаноци со проектниот тим и други засегнати страни
  • Извршување на други финансиско-административни задачи со цел обезбедување правилно и непречено одвивање на Проектот
  • Подготвување извештаи за завршените активности.     

Место: Задачите ќе се извршуваат во просториите на Фондацијата „Чекор по чекор“ и проектните училишта низ државата.
Опфат на ангажманот: Координаторот за поддршка на училиштата се ангажира на 75 % од работното време.
Временска рамка: 15 јули 2020 – 15. септември 2021

 

БАРАНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

Образование: диплома за завршено високо образование.
Претходно искуство: работно искуство на развојни проекти во образованието или во процеси на доделување и мониторирање грантови, или на други финансиско-адмнистративни работни места во траење од три години.

Вештини:

  • способност за решавање проблеми и за тимска работа
  • возачка дозвола (категорија Б)
  • познавање на работа со компјутери и оперативниот Windows Систем
  • солидно познавање на англискиот јазик.

 

Овој оглас е отворен само за државјани на Република Северна Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на македонски јазик на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Крајниот рок за доставување на апликацијата е 13. 07. 2020 до 12 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието