Оглас за вработување: Проект БИДИ ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија, во партнерство со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ и со финансиска поддршка на Европската Унија, го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Проектот има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта преку обезбедување стипендии, туторска помош, обука за училишниот персонал и поддршка на училиштата кои прераснуваат во институции кои се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби. 

Преку овој повик, Фондацијата „Чекор по чекор“ поканува пријави за вработување на следниве проектни позиции:

Позиција 1: Менаџер за комуникација, мобилизација и видливост

Работни задачи

  • осмислување, имплементација и мониторирање на Планот за комуникација и видливост
  • обезбедување соодветна видливост на Проектот
  • развивање материјали, пораки и брендирање на Проектот и сите активности
  • учество во барање дополнителни средства за реализирање на проектот
  • осмислување и организирање кампањи за подигање на јавната свест
  • активности за откривање и пристапување до потенцијалните проектни корисници (семејства на деца со попреченост, училиштата, локални власти, јавност, граѓанско општество), и поттикнување на нивниот интерес за информации и за учество во Проектот
  • воспоставување и одржување односи и соработка со медиумите и обезбедување нивна поддршка и придонес за продлабочување на интересот за Проектот кај јавноста и корисниците

 

Работен ангажман и место на извршување на работните обврски

  • ангажираност на 100% од полното работно време
  • место на извршување на работните обврски:
    • претежно канцелариска работа, со опција за работа од дома за дел од работните задачи, доколку не постојат услови за целосно враќање на работните места
    • редовната комуникација со партнерите, медиумите и други директни засегнати страни, со физичко присуство или онлајн, во согласност со националните безбедносни протоколи
    • редовни посети на тековни и потенцијални засегнати страни (училиштата, локални власти, медиуми, локални и национални познати лица кои се застапуваат за инклузијата) во согласност со националните безбедносни протоколи

 

Квалификации

  • Високо образование во областите новинарство или медиуми/комуникација
  • најмалку 5-годишно искуство во граѓански организации или на донаторски проекти, вклучувајќи и во раководна или координативна позиција
  • искуство во работа со медиуми
  • искуство во работа со основни училиштата, наставници и семејства
  • одлично познавање на англискиот јазик, владеење на албанскиот јазик се смета за голема предност

 

Позиција 2: Финансиски и административен координатор

Работни задачи

  • поддршка на проектните раководни лица во сите административни, набавни/договорни и финансиски аспекти на Проектот
  • придржување кон финансиските и административните барања
  • извршување административни работни задачи, меѓу кои подготвување договори, спроведување постапки за набавка и одржување на проектната административна документација
  • извршување финансиски работни задачи, меѓу кои спроведување и следење на сите проектни плаќања, одржување на проектната финансиска/платежна документација и подготвување податоци за финансиски извештаи
  • особена одговорност за активности поврзани со поддршката за училиштата, вклучувајќи помош за училиштата при аплицирањето за грантови, преглед и комплетирање на апликации, административни и финансиски аспекти на процесот на доделување грантови/поддршка на училиштата при поднесувањето извештаи.

 

Работен ангажман и место на извршување на работните обврски

  • ангажираност на 100% од полното работно време
  • место на извршување на работните обврски:
    • претежно канцелариска работа, со опција за работа од дома за дел од работните задачи, доколку не постојат услови за целосно враќање на работните места
    • редовна посети на училиштата заради мониторирање на имплементацијата на грантовите/училишната поддршка (најмалку два пати по училиште) во согласност со националните безбедносни протоколи, и преглед на пишани извештаи од училиштата и партнерите

 

Квалификации

  • високо образование во економските/образовните науки
  • искуство во финансиско или сметководствено работење
  • најмалку 3-годишно искуство во граѓански организации или на донаторски проекти, вклучувајќи позиции поврзани со финансии и/или мониторирање
  • искуство во работа со основни училиштата
  • одлично познавање на англискиот јазик

 

Позиција 3: Проектен асистент

Работни задачи

  • поддршка на проектните раководни лица во сите аспекти на Проектот, со особен акцент на програмските аспекти, мониторирањето и евидентирањето на напредокот
  • одржување секојдневна комуникација со партнерите и засегнатите страни
  • организирање состаноци, водење записник и друга документација
  • административно и логистичко организирање на работилници и настани
  • редовно одржување на програмската документација
  • редовни теренски посети и/или комуникација со училиштата
  • одржување на архивата на податоци, тематски документи и извештаи.

 

Работен ангажман и место на извршување на работните обврски

  • ангажираност на 100% од полното работно време
  • место на извршување на работните обврски: претежно канцелариска работа, со опција за работа од дома за определени работни задачи доколку не постојат услови за целосно враќање на работните места
    • редовната комуникација со партнерите и засегнатите страни и посети на училиштата (најмалку еднаш годишно), во согласност со националните безбедносни протоколи, дисеминација на информации и собирање информации, податоци и документација

 

Квалификации

  • завршено средно образование
  • додипломски студии во тек, по можност во последната студиска година на полето на образовните науки ќе се сметаат за предност
  • одлично познавање на англискиот јазик

 

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ и не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават ажурирана професионална биографија и изјава за интерес со посочување на позицијата за која се пријавуваат на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 21.08.2020 г. до 16 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието