Повик за учество во проектот ARISE

 

 

EU flag
This project is funded by European Union

 ARISE logo

 


Акција за намалување на нееднаквостите во образованието – Action for Reducing Inequalities in Education

Конзорциумот на проектот ARISE ги поканува сите заинтересирани граѓански организации (ГО) да се пријават за учество во проектот ARISE.

Целта на конзорциумот е да ги изгради капацитети на избрани локални организации за поддршка на учениците со низок социоекономски статус преку менторство, учество во развој на политики и застапување во областа праведност во образованието, како и учество во мрежни активности на национално и регионално ниво.

Од локалните организации се очекува да соработуваат со членот на Конзорциумот во нивната земја во текот на секоја фаза од проектот ARISE и тие ќе бидат задолжени за застапување при спроведување и популаризирање на препорачаните политики и практики. Конзорциумот ќе го поддржи градењето капацитети на избраните ГО преку низа од добро планирани настани за учење.

Понатаму, избраната ГО и членот на Конзорциумот во земјата заеднички ќе развијат и спроведат Акција со која се поддржува интеграцијата на децата со низок социоекономски статус во заедницата. Акцијата се очекува да трае од 24 до 30 месеци и ќе биде финансирана од Конзорциумот со грант од 25 000 до 35 000 евра.

Што претставува проектот ARISE?         

ARISE: Акција за намалување на нееднаквостите во образованието е четиригодишна акција која започна во март 2020 и е финансирана преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Генералната цел на акцијата е да се зајакнат капацитетите на ГО (како на партнерите кои ќе го спроведуваат проектот, така и на локалните организации кои ќе бидат избрани) за развој на политики и застапување во областа праведност во образованието преку регионална соработка и градење национални коалиции. Прашањето за сиромаштијата и учениците кои се засегнати од сиромаштијата треба да се реши на две нивоа: од една страна, преку образовните и социјални политики, преку кои ќе треба да се обезбедат долгорочни решенија за создавање праведност во образованието, додека пак пилот интервенциите на училишно ниво ќе треба да се осврнат на непосредните потреби на учениците со низок социоекономски статус и научените лекции ќе се вградат во политиките.

Повик за учество

Глобалната цел на повикот е да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации да бидат ефективни и отчетни чинители кои може конструктивно да соработуваат со релевантните засегнати страни на инклузија на децата од ранливите групи.

Конкретната цел е да се зајакнат локалните организации за да се осврнат на прашањето за децата со низок социоекономски статус преку активности чија цел е да се зајакне нивната подобра интеграција во заедницата и да се зголеми свеста меѓу локалните чинители за ефектите што ги има нискиот социоекономски статус на децата врз нивното образование и личен развој.

Очекувани резултати на повикот се:

• Подобрен капацитет на локалните организации да се осврнат на прашањето за децата со низок социоекономски статус
• Воведување нови практики за интегрирање на децата со низок социоекономски статус во заедницата.


Со цел да имаат право да добијат грант, апликантите мора:

1. да бидат невладина организација основана и регистрирана во Република Северна Македонија,
2. да имаат искуство од најмалку една година и да приложат докази дека работеле со локалните заедници за справување со прашањето на сиромаштија и/или поддршка на децата со низок социоекономски статус,
3. да работат во град/регион во кој има значителен процент на деца со низок социоекономски статус; организациите од поголемите градови мора да работат во општина што ги задоволува овие барања.


Детали во врска со учеството и финансирањето:

• На избраната ГО ќе и се доделат финансиски средства (грант) во износ меѓу 25 000 и 35 000 евра.
• Доколку просечниот годишен приход на организацијата во последните 3 години не надминува 15 000 евра, максималниот износ кој може да се додели на ГО е 25 000 евра;
• Доколку просечниот годишен приход на организацијата во последните 3 години надминува 15 000 евра, максималниот износ кој може да се додели на ГО е 35 000 евра;
• Од доделениот износ, 10-15% од вкупната сума ќе бидат наменети за градење на капацитети - обука, поддршка на лице место, итн.
• Избраната ГО и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ ќе соработуваат во сите фази на проектот ARISE.
• Избраната ГО и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно ќе развијат и спроведат Акција со која се поддржува интеграција на децата со низок социоекономски статус во заедницата. Деталниот предлог за акцијата и буџетот ќе се креираат преку меѓусебна соработка и ќе се засноваат на заедничко разбирање.
• Времетраењето на предвидената акција ќе биде помеѓу 24 и 30 месеци.
• Избраната ГО треба да учествува во проектните активности како што се: студиски посети, коалициски состаноци и настани, застапување, обуки, итн. на национално и регионално ниво, во текот на спроведувањето на проектот.


Документација за пријавување

Апликантите мора да достават:

• Релевантни документи со кои се докажува дека имаат право за учество на повикот, според насоките дадени погоре:

1. Потврда од соодветна државна институција за земјата во која e регистрирана организацијата (на пр. Централен регистар)
2. Образец за пријава ( .docx | .pdf )
3. Статистички или владини документи, извештаи кои го потврдуваат процентот на деца со низок социоекономски статус (на пр. јавни податоци од Државниот завод за статистика, независни истражувања, извештаи на ГО, итн.)
4. Годишните финансиски извештаи на организацијата за изминатите 3 години

Целокупната документација мора да биде поднесена до Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 31 август 2020 година.

Пред потпишување на договорот за грант, ќе се спроведе соодветна проверка на бараните документи со цел да се потврди дека избраните локални организации во процесот на претселекција имаат капацитет да работат во согласност со процедурите и барањата кои произлегуваат од договорот.

За повеќе информации во врска со повикот, контактирајте нѐ на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

ARISE logos footer

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието