Издаден нов прирачник за заедници за учење

zaedniciФондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ објави прирачник за формирање и работа на заедници за учење. 

Заедниците за учење се темелат на тезата дека ставовите и способностите на наставниците подобро се унапредуваат преку меѓусебна соработка во контекстот на нивната професионална реалност (училиштата и средините во кои работат). Ова е комплементарна форма на професионален развој на традиционалните модели со што освен што наставниците учат нови вештини за подобрување на наставната практика тие исто така создаваат можности истите да ги испробаат, да ги усвојат и на автентичен начин да ги вметнат во културата на учење на училиштето со што се добива поинаков квалитет на професионалниот развој на наставниците.

Овој прирачник има за цел да го опише концептот на заедницата за учење и ги нуди сите потребни насоки и материјали за формирање и одржување на една заедница за учење во рамки на училиштето. Во 65 основни училишта во нашата држава веќе се формирани и активно работат заедниците за учење. Со издавањето на овој прирачник се надеваме дека ќе ги поттикнеме и инспирираме и останатите училишта да формираат вакви заедници и да ги користат како алтернативен модел на професионален развој меѓу колегите.

Прирачникот на македонски јазик е достапен ТУКА, а Фондацијата „Чекор по чекор“ стои на располагање за дополнителна поддршка на сите училишта кои се заинтересирани да формираат заедници за учење. 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието