Издаден нов прирачник „Математика низ игра - 50 активности за совладување на математичките вештини“

Математика низ игра 300дпи Page 001Во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“, го издадовме прирачникот „Математика низ игра - 50 активности за совладување на математичките вештини“. Во овој прирачник споделуваме 50 активности кои ќе им помогнат на наставниците во реализирање на наставата по математика, но голем дел од овие активности може да се користат и за забава и учење во домот. Активностите се наменети за ученици од прво до трето одделение, но со мала модификација може да ги користат и наставниците од погорните одделенија. Секоја од понудените активности е класифицирана во соодветното математичко подрачје, дополнително се наведени и потребните материјали за секоја активност, образложена е постапката на подготовка како и самата активност. Истиот може бесплатно да го симнете од нашата електронска библиотека или со кликнување на сликата од насловната страница.

 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието