Меѓународна ISSA конференција во Опатија

 

Околу 340 воспитувачи, учители и други воспитно-образовни практичари, истражувачи, претставници на невладини организации и креатори на образовните политики од 47 земји на 5 континенти се сретнаа во Опатија од 15 до 17 октомври во рамки на конференцијата Заедничка конструкција на професионалниот развој: Пат кон квалитет, праведност и почит кон различноста во образованието. Конференцијата беше во организација на ISSA (International Step by Step Association), DECET (Diversity in Early Childhood Education and Training) и Отвореното општествено училиште ЧЕКОР ПО ЧЕКОР - Хрватска, под покровителство на претседателот на Република Хрватска проф. др. Иво Јосиповиќ, а ја отворија претставници од министерствата за образование, наука и спорт и Агенцијата за образование. Учесниците, меѓу кои и претставници од Фондацијата ЧЕКОР ПО ЧЕКОР - Македонија, имаа прилика да присуствуваат на предавања на еминентните стручњаци Петер Мос, Мајкл Ванденбрук и Едита Слуњски кои од различни аспекти говореа за улогата на учителот, за професионалниот развој и компетенции. Исто така, учесниците имаа можност да одберат меѓу 130 сесии во кои учеа од примери на добри пракси и истражуваа иновативни методи на здобивање со компетенции за квалитетно образование. Презентациите на говорниците можете да ги најдете на страната на конференцијата, а тука можете да погледнете и фотографии.

 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието