Belouga – нова веб платформа за поврзување на училници низ целиот свет

Наставници и ученици,

Дали би сакале да се поврзете со други наставници и ученици од Австралија, Индија, Канада или Пакистан? Сега постои нова веб страница Belouga – едукативна он-лајн платформа која ви го овозможува токму тоа. Целта на оваа платформа е да поврзува училници низ целиот свет и на тој начин да поттикне интеркултурна комуникација меѓу наставници и ученици од разни земји и култури.

Процесот на регистрација е едноставен и бесплатен – најпрво се регистрира наставникот, а потоа ги кани и учениците да се приклучат во мрежата. Упатства за регистрација на англиски јазик може да најдете на следниот ЛИНК.

belouga

Кои се придобивките од вклучувањето во мрежата Belouga?

-Комуникација меѓу учениците „еден на еден“ каде тие можат да се допишуваат со другарчиња од разни делови од светот, а наставникот може да го надгледува процесот на интеракција на учениците
-Комуникација и размена на искуства на наставниците со нивни колеги од целиот свет
-База со подготовки и материјали за час (почнувајќи од март 2017 година) кои наставниците ќе можат да ги користат и на истите да соработуваат со заеднички часови и активности он-лајн
-Можност за учениците да развиваат емпатија и чувство за хуманост со тоа што директно ќе ги вклучите во активности со кои придонесуваат за општо добро. Имено, со самото нивно ангажирање низ разни едукативни активности на платформата, тие собираат поени кои понатаму се претвораат во донации за училишта од целиот свет кои имаат вистинска потреба од материјали, реновирање, интернет конекција и други слични инвестиции. На овој начин, учениците од најмали нозе ги учиме дека можат да придонесат за подобрување на условите за образование и живот на нивните другарчиња од разни делови од светот
-Платформата е наменета само за наставници и ученици

Посетете ја www.belouga.org и вклучете се во мрежата!

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието