Ајде да зборуваме за писменоста! Интервју со Александра Павловска за Заедниците за учење

Постојаниот професионален развој кај наставниците најчесто се случува во форма на еднодневни или повеќедневни обуки, работилници или конференции. Но, не mrezen nastan 2треба да ја занемаруваме моќта на неформалните дискусии со колегите или секојдневната размена на искуства во рамки на колективот. Важни се и меѓусебното набљудување часови и останати начини за учење и развој со и од колегите во рамки на едно училиште. Заедниците за учење се простор за размена на идеи и учење меѓу колегите во едно училиште. Досега, во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ формирани се и активно работат заедници за учење во 65 основни училишта во државата. Неодамна, објавивме и прирачник со сите потребни насоки и материјали за создавање и одржување на заедница за учење со надеж дека што поголем број и од останатите училишта самоиницијативно ќе создадат заедница за учење во своето училиште. Прирачникот во електронска форма е достапен ТУКА, а тимот на проектот стои на располагање за поддршка на сите кои сакаат да формираат своја заедница за учење. За активностите и придобивките од членување во заедница за учење, зборуваме со Александра Павловска. Александра е одделенски наставник во ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово каде работи повеќе од 8 години. Од 2015 година, кога ова училиште се вклучи во активностите на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“, активно работи и нивната заедница за учење чиј координатор е Александра. 

Александра, во вашето училиште заедницата за учење функционира од 2015 година. Колку членови има, колку често се состанувате и за какви прашања најчесто дискутирате?

Во ООУ „Христијан Карпош“, Куманово има вкупно 80 наставника од кои 36 се наставници во одделенска настава и сите тие се членови на заедницата за учење. Во рамки на нашата заедница за учење се состануваме најмалку еднаш месечно, но доколку има потреба тоа го правиме и почесто. Средбите секогаш се конструктивни и се однесуваат на отворени дисусии и предлози за надминување на одредени предизивици во наставата. Зборуваме за развојните активности, нови техники и стратегии за подучување, за работната атмосфера во паралелките, за изработување на иструменти, анкети и друго.

Која е вашата улога како координатор за заедница за учење? 

zaednica za ucenjeМојата улога во оваа заедница за учење е да поттикнувам, насочувам, помагам, соработувам, споделувам и учам за и од одделенските наставници во ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово. Исто така, сметам дека многу е важна и соработката со колеги од другите училишта како во градот така и пошироко. Поради истото често се состанувам со колеги од други училишта и заеднички разговараме и споделуваме идеи и позитивни практики за подобрување на наставата и организираме заеднички часови со колеги од други училишта во градот. Стекнатото знаење и искуство го пренесувам во нашата заедница за учење преку организирање на отворени и нагледни часови, средби, разговори, менторирање, организирање на проектни активности, истражувања и слично.

 

Што за вас претставува развојното портфолио? Какви докази за професионален развој може да содржи и за што сѐ може да им користи на наставниците?Untitled collage

Од лично искуство говорам дека наставниците се оптоварени со многу административна работа и се затрупани во куп хартија која многу често и не се свесни дека ја имаат или за што им служи. Сметам дека секој наставник треба да има алатки, инструменти, планови кои ќе бидат систематски подредени во едно развојно портфолио. Тоа ќе служи за подобрување на личните компетенции и постигањата на учениците во паралелката, а не за „да се најдат за секој случај“ или затоа што некој тоа го бара од нас. Портфолиото треба да е уредна датотека со разни документи и докази (потврди и сертификати од обуки, личен план/визија, рефлексии и белешки) која ќе ни даде јасна слика до каде сме и што треба да преземеме или користиме на професионален план. 

На каква развојна активност работевте вие до сега?

Untitled collage 2Развојната активност на кој работам во моментов го носи насловот „Разиграна математика“. Целта ми е да се подобри мета - когницијата кај учениците, но и кај нив да се развие интерес за учење математика и да осознаат дека математиката е насекаде околу нас. Учениците треба да пристапат со логичко размислување при решавање на математички проблеми и задачи и да применуваат повеќе стратегии и техники. Со ова се надевам и дека ќе ја збогатиме датотеката на позитивни практики во училиштето од математичка писменост, а планирам да изработам инструменти, планирања и наставни ливчиња кои понатаму ќе им бидат од полза на сите одделенски наставници во училиштето.

На какви развојни активности работеа некои од другите ваши колеги – членови од заедницата за учење? 

Со оглед на тоа дека во нашата заедница за учење членуваат 36 наставници и тоа искусни, посветени и иновативни наставници, вистински професионалци во своето поле на делување, се работи на најразлични развојни активности кои се однесуваат на подобрување на јазичната и математичка писменост. Некои од развојните активности се: подобрување на познавања кај учениците за бројни низи, стекнување на практични знаења за геометриски тела и слики, подобрување на вештини за решавање на текстуални задачи, подобрување на вештини за читање, читање со размислување, пишување, прераскажување или раскажување, зголемување на интерес за читање на лектири и друга литература.

Кои се најголемите предизвици, а кои најголемите придобивки со кои се сретнавте до сега во рамки на вашето училиште во однос на вашата заедница за учење?

На почетокот при формирање на заедницата за учење имавме безброј прашања од типот: „Зошто заедница за учење? Што е тоа? Дали мора да членуваме? Што треба ПЛУС да работиме?...“ Со текот на времето сѐ си дојде на свое место затоа што ова не не ништо ново и ништо дополнително туку е само организирано и систематско заедничко делување, поддршка и соработка помеѓу наставниците од едно училиште и вмрежувања и соработка со наставници од други училишта. Понудените алатки во прирачникот претежно се графички организитори кои ни ја олеснуваат административната работа. Преку заедницата за учење сѐ повеќе наставници се охрабруваат да зборуваат за предизвиците со кои се соочуваат и се продлабочува и зајакнува соработката помеѓу наставниците во училиштето.

Кои се придобивките од некоја од овие активности кај учениците? Дали е забележано подобрување на јазичната и математичката писменост поврзано со некоја од развојните активности?

Секој наставник си води евиденција за постигањата или подобрување на постигањата на своите ученици во форма на анегдотски белешки, анализи или пак „аха моменти“. Горди сме за постигањата за што и разговараме на заедничките средби. Доказ за тоа се наградите од натпреварите, резултатите од процените на почетната јазична и математичка писменост и задоволството кое го забележуваме кај учениците. А, среќен ученик е и успешен ученик.

Кои се плановите за во иднина на вашата заедница за учење?

Планираме да продолжиме со истата динамика и да работиме на: 

-преземање активности за идентификување и систематизиран, осмислен, индивидуален пристап за работа со ученици со посебни образовни потреби (надарени ученици и ученици со потешкотии во учењето) заедно со стручната служба на училиштето и родителите;
-Збогатување на датотеката за позитивни практики во рамки на училиштето и пошироко;
-Редовно ревидирање на развојните планирања на наставниците и нивно проширување со јасно дефинирани активности;
-Поттикнување на родители за вклучување во заедницата за учење со свои предлози, примери и позитивни практики од работа со децата во домот.

 mrezen nastan

 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието