Поддршка на жени и семејства
Проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“ нуди поддршка за семејствата на децата од предучилишта и училишна возраст и тоа преку:
- Информативни сесии кои се одржуваат од експерти од различни теми, во просториите на локалните дневни центри, на теми кои се релевантни и ги засегаат родителите од двете ромски заедници. Некои од темите кои се обработуваат се: здравје и хигиена на децата, женско здравје, бременост и раѓање, позитивно воспитување и дисциплина на децата, социјално и здравствено осигурување, нови закони – права и обврски, право на гласање, права на вклучување во демократски процеси итн.
- Креативни работилници со родители и деца
- Информативни материјали