РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕНДЕРИ

Резултати од јавен повик за набавка во рамки на проектот „Биди ИН, биди инклузивен, биди инклудиран“ - Објавa број: БИДИ ИН - 2021/2

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, а во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија, а има за цел да придонесе кон целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, кои прераснуваат во безбедни средини што се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби.

На 09.02.2021 година како дел од проектот беше објавен јавен повик за набавка на рехабилитациска опрема за надворешни игралишта. Рокот за доставување на понудите беше 16.02.2021 во 16 часот.

Во продолжение се дадени резултати од разгледувањето на понудите пристигнати како одговор на повик за набавка на рехабилитациска опрема за надворешни игралишта во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Рехабилитациска опрема за надворешни игралишта

ТИП НА НАБАВКА

ИЗБРАН ДОСТАВУВАЧ

Рехабилитациска опрема за надворешни игралишта

 ТРИМАКС ДОО

 

Доколку компаниите кои се јавија на тендерот и доставија понуди имаат дополнителни прашања истите може да ги постават кај Марина Бојанова на 070 780 708 или на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието