Училиштата учесници во Проектот „АРИСЕ: Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“ активно работат на унапредување на квалитетот на образованието за децата од семејства со низок социоекономски статус

arise3Петте проектни училишта, во изминативе 20 месеци посветено работата на подобрување на училишните развојни планови, практики и политики со цел намалување на влијанието на сиромаштијата врз образованието, со што се подобрува и квалитетот на наставата и училишната клима за сите деца.

Општинските основни училишта „Илинден“ од Крива Паланка, „Аврам Писевски“  од с. Бардовци, „Браќа Рамиз Хамид“ од Шуто Оризари, „Христијан Карпош“ од с. Младо Нагоричане и „Ванчо Прќе“ од Делчево, преку работилници со наставниот кадар, со учениците и родителите презедоа низа активности во насока на градење стимулативна средина за сите деца, каде учениците се рамноправни партнери во подобрување на квалитетот на образованието. Така:

  • arise4Ученичките парламенти учеа за вредностите кои треба да се негуваат во рамки на училиштето и одредува приоритетите кои се важни за нив и за негувањето универзални вредности, критичко размислување и самопочитување кај учениците
  • Ученичките парламенти учествува во работилници за јакнење на самодовербата кај учениците и нивна мотивираност за настава.
  • Учениците работеа на утврдување на потребите на учениците и на условите во училиштето и осмислување начини за создавање стимулативна средина
  • Учениците заедно со наставниците организираа поетски читања, драматизации и работилници за животни вештини со цел намалување на нееднаквостите во образованието
  • Родителите активно се вклучија во работата на училиштето, развивајќи посветеност кај членови на заедницата и партнерство со училиштата.
  • Наставниците ги истражуваа и унапредуваа културата која се негува во училиштето и училишниот кодекс
  • Училишните тимови започнаа да работат на вклучување на прашањето на поддршка на децата со низок социоекономски статус во училишните развојни планови и осмислување активности кои би се реализирале со помош на проектен грант.

arise5 arise6

Проектот е финансиран од Европската Комисија

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието