Проектот „АРИСЕ: Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“ организира обука за 5 основни училишта за развивање мерки за намалување на влијанието на сиромаштијата врз ученичките постигања

arise1Во рамките на Проектот „АРИСЕ: Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“, кој е финансиран од Европската Комисија , во Охрид, од 15 до 18 април 2022 г. беше реализирана тродневна обука со претставници на проектните училишта ООУ „Илинден“ – Крива Паланка, ООУ „Аврам Писевски“ - с. Бардовци, Карпош, ООУ „Браќа Рамиз Хамид“ - Шуто Оризари, ООУ „Христијан Карпош“ – с. Младо Нагоричане и ООУ „Ванчо Прќе“ - Делчево. Учесниците имаа можност да се запознаат целите и активностите на Проектот, како и со резултатите од спроведеното истражување за влијанието на сиромаштијата врз образованието.

Темите на обуката ги опфатија следниве аспекти:

  • методи на самопроценка и утврдување приоритети во развивањето мерки наменети за подобрување на образованието на децата од ранливи групи, со особен осврт на деца од семејства со низок социо-економски статус;
  • негативната улога на сиромаштијата како фактор кој ги ограничува потенцијалите на децата и што училиштата можат да направат за да го намалат влијанието на овој фактор;
  • училиштето како заедница во која се негуваат толеранција, прифаќање на различности, се воспоставуваат односи со врсниците и возрасните, место каде децата ги стекнуваат своите први искуства и развиваат вештини потребни за живот;
  • негувањето вредности, нивното дефинирање преку конкретни примери и однесувања од страна на наставниот персонал, овозможува правилни насоки за формирање на детската личност која ја краси интегритет, самодоверба и самопочитување.

По завршувањето на обуката, проектните училишта ќе подготват развојни планови и ќе преземаат мерки и активности за подобрување на образованието на учениците со низок социо-економски статус и другите ранливи групи.

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието