Повик за ангажирање на обучувачи

 

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 2 ОБУЧУВАЧИ ЗА ТУТОРИ ЗА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ - СТИПЕНДИСТИ ЗАПИШАНИ ВО РЕДОВНИ УЧИЛИШТА

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а финансиски е поддржан од страна на Европската Унија. Овој проект има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта кои прераснуваат во безбедни средини што се отворени и пристапни за сите деца и посветени на квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби, преку:

  • осмислување и спроведување на програма за стипендирање на ученици со попреченост во почетните одделенија на основното образование;
  • спроведување кампањи за подигање на свеста и активности за промовирање на важноста на инклузивното образование и придобивките од инклузивните средини за учење;
  • градење на капацитетите на наставниците и стручните служби за проактивна инклузија и прилагодена и диференцирана настава;
  • намалување на бариерите за учениците со попреченост и подобрување на пристапноста до и во училиштата;
  • обезбедување туторска поддршка за ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес.

 

Со цел да се поддржи процесот на инклузија на деца со попреченост во редовните училишта, Фондацијата преку овој повик поканува пријави за ангажирање на 2 експерти за организирање и спроведување обука за тутори.

Опис на ангажманот

Подобрување на сознанијата и вештините на 40 тутори ангажирани од Проектот преку подготовка и организирање на обука за две групи на учесници. Секоја од обуките ќе се состои од 4 полудневни работилници и ќе биде наменета за 20 учесници- тутори. Целта на обуката е туторите да се стекнат со компетенции за:

  • Директна работа со деца со попреченост - стипендисти индивидуално или во мали групи (во живо или он-лајн во зависност од препораките на МОН поврзани со КОВИД19) за:
    • стекнување работни навики и прилагодување кон барањата на наставниот односно предметно-часовниот систем,
    • остварување на целите на индивидуалниот образовен план, преку повторување на инструкцијата, увежбување на зададените задачи и стекнување на бараните знаења и вештини по дадени упатства и во соработка со наставникот и инклузивниот тим за ученикот.
    • развивање на социјалните вештини и комуникацијата со соучениците, наставниците и другиот персонал.
  • Работа со родителите на стекнување/подобрување на вештините за поддршка на образовниот процес.
  • Соработка со училиштата/наставниците/инклузивниот тим, размена на информации и учество во следењето на остварувањето на индивидуалниот образовен план.


Од експертите - обучувачи се очекува да:

  • да подготват обука во траење од 4 полудневни работилници, која ќе ги подготви туторите за исполнување на нивните задачи
  • Да спроведат обука за две групи на учесници. Секоја обука е наменета за 20 тутори и е конципирана како 4 полудневни онлајн работилници.
  • да подготват извештај за спроведената обука со секоја од групите со препораки за понатамошен развој на нивните компетенции.



Времетраење на ангажманот

Ангажманот за еден обучувач е со траење од 10 дена, во кои спаѓаат 2 работни дена за подготовка на обуките и 8 дена за изведба на две обуки во траење од 4 полудневни работилници, кои треба да се одржат во периодот од 25 октомври до 15 ноември 2020 г.

   

Квалификации и искуство

  • Високо образование/прв циклус студии на полето на специјалното образование, втор и трет циклус се сметаат за предност,
  • најмалку 10 години работно искуство во специјалното или инклузивното образование,
  • искуство во развојни проекти на полето на инклузијата, и тоа во најмалку 5 проекти
  • искуство во организирање најмалку 10 обуки на полето на инклузија на ученици со попреченост,
  • искуство во подготовка на наставен, стручен и помошен кадар на полето на специјалното образование и инклузијата, работа со тутори ќе се смета за значителна предност.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија кои ги исполнуваат наведените услови. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават куса професионална биографија и изјава за интерес на следнава адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.   

Крајниот рок за доставување на пријавите е 19 октомври 2020 год,  до 16,00 часот.

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието