Покана за ученици, наставници и родители за учество во национално истражување за детски права

pokana1   

 

Почитувани ученици, наставници и родители од основните училишта во државата!

Фондацијата за образовни и кутурни иницијативи „Чекор по чекор“  во партнерство и соработка со Одделението за заштита на правата на децата и за лицата со попреченост при канцеларијата на Народниот правобранител спроведува онлајн национално истражување за детските права во основните училишта во државава.

Истражувањето има за цел да ги испита ставовите и мислењата за учениците, наставниците и родителите за познавањето и почитувањето на Конвенцијата на ОН за правата на детето, нејзината примена во училиштата, за учеството на учениците во одлучувањето во училиштата, како и за безбедноста на учениците во училиштето, во онлајн просторот и во потесното опкружување.    

Почитувани ученици, наставници и родители, Вашето мислење на овие теми ни е важно!

Ве покануваме да земете учество и да го пополните соодветниот прашалник достапен на овие линкови:


На секој од линковите поставени се опции за избор на јазик.

Прашалникот за ученици се наменети за ученици од 7мо до 9то одделение,  прашалниците за наставници се наменети за предметните наставници кои предаваат за ученици од 7мо до 9то одделение, додека прашалниците за родителите се наменети за родители кои имаат деца кои се ученици од 7мо до 9то одделение во сите основни училишта и на сите јазици на настава во државата.

Ве молиме целосно и во што поголем број  да одговорите на прашалниците. Прашалниците се анонимни и можат да се одговорат и од мобилен телефон, неговото пополнување трае најмногу 10 до 15 минути. Одговорите ќе послужат за подобрување на политиките врзани за детските права во државата.

Ви благодариме за учеството!

Истражувањето се реализира во рамки на проектот на Фондацијата “Чекор по чекор“ Децата на 1-во место! финансиран од Европската Унија. Содржината на овој документ и прашалниците за истражувањето се единствена одговорност на Фондацијата и во ниту еден случај не може да се смета дека ги одразува позициите на Европската Унија.

>> ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАШАЛНИЦИТЕ <<

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието