Отворен повик за обучувач за дефинирање на Моделот на УПДП и за истражувачки постапки, примена на Моделот за УПДП и проценка за проектот „И јас имам глас“
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија со поддршка на “Save The Children International” – Косово и Шведската Интернационална Агенција за развој ќе го реализира пилот проектот „И јас имам глас“, со цел градење на капацитети на децата и младите за активно и одговорно граѓанство. Проектот исто така ќе помогне да се подигне јавната свест за важноста на проактивното почитување на правата на децата. Проектот се реализира во рамките на Регионалниот проект за создавање одговорен систем кој ќе овозможи механизми за спроведување на правата на децата, во периодот 2018-2020 година.
Преку активностите кои ќе се реализираат во проектот, учениците ќе можат да преземат активности за изразување на своето мислење и подобрување на состојбите кои ги засегаат нив и нивните врсници, преку учество во секции и клубови и ќе се гради училишна клима која промовира соработка со и заштита на децата.
Повикот е отворен за експерти, обучувачи, фацилитатори за следниве активности кои ќе бидат реализирани во проектните основни училишта под слоганот „И јас имам глас!“:
Позиција: обучувач за дефинирање на Моделот на УПДП и за истражувачки постапки, примена на Моделот за УПДП и проценка.
Цел на ангажманот:
Активностите во рамките на овaa обука претставуваат фокус на акција за воспоставените клубови за детски права преку градење на вештини за учениците и развој на инструменти за следење на исполнувањето на детските права во училиштата и помагање во создавање училишна средина која ги штити децата и го слуша нивниот глас.
Главни задачи на обучувачите ќе бидат:
• Подготвување агенда за активностите како и помошни материјали за истата;
• Реализирање четири еднодневни обуки за дефинирање на Моделот на УПДП (воведување во инструменти и индикатори за проценка), и истражувачки постапки, примена на Моделот за УПДП и проценка (на степенот на придржување кон детските права во училиштето);
• Доставување целосна документација по спроведената активност до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учениците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите и ќе бидат обезбедени од проектниот тим).
Место на спроведување на задачата: локално, во четири основни училишта во Скопје, Тетово и с. Драгоманце- Старо Нагоричане.
Временска рамка: април 2019 – октомври 2019
Барани квалификации и услови за работа:
• Образование: прв циклус образование во општествени, образовни или медицински науки, дефектологија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност.
• Флексибилност за работа преку викенди и патување во РМ;
• Флексибилност за повремени посети на училиштата;
• Докажани вештини за спроведување практични обуки и работилници;
• Поседување добри комуникациски вештини;
• Вештини за пишување и навремено испорачување на концизни и информативни извештаи.
Претходно искуство:
• Вклученост во работилници за развивање активизам и вклучување на децата во процесот на донесување одлуки.
• Учество во најмалку 3 проекти кои ја подобруваат свеста за детските права;
• Реализирано најмалку 5 обуки за наставници;
• Учество во работни групи и тимови кои придонеле за изработка на прирачници, извештаи, собирање податоци и/или изготвување стандарди за правата на децата во училиштето и општеството;
Вештини и способности:
• Добри комуникациски вештини
• Компјутерски вештини (користење на MS Office и други мултимедиски програми)
• Возачка дозвола.
• Надгледувањето на реализирањето на активностите го врши проектниот тим.
Дополнителни информации:
Кандидатите треба да понудат вкупна цена по која ќе ги подготват и реализираат наведените задачи. Цената се однесува на еднодневен ангажман во траење од 8 работни часа, кој вклучува осмислување и реализирање на активностите во рамки на обуката и поднесување целосна документација за реализираната активност. Цената треба да биде изразена во македонски денари и во бруто износ.
Апликантите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што техничките критериуми на апликацијата ќе сочинуваат 80% а финансиските критериуми 20% од конечната оценка.
Доколку на проектниот тим му се потребни дополнителни информации за кандидатите, истите ќе бидат повикани на дополнителен разговор.
Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. Македонија, без разлика на етничката припадност. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 04.04.2019 до 14 часот.