Oглас за повик за доставување пријави за ангажирање на 40 тутори

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а финансиски е поддржан од страна на Европската Унија. Овој проект има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта кои прераснуваат во безбедни средини што се отворени и пристапни за сите деца и посветени на квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби, преку:

  • осмислување и спроведување на програма за стипендирање на ученици со попреченост во почетните одделенија на основното образование;
  • спроведување кампањи за подигање на свеста и активности за промовирање на важноста на инклузивното образование и придобивките од инклузивните средини за учење;
  • градење на капацитетите на наставниците и стручните служби за проактивна инклузија и прилагодена и диференцирана настава;
  • намалување на бариерите за учениците со попреченост и подобрување на пристапноста до и во училиштата;
  • обезбедување туторска поддршка за ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес.

 

Со цел да се поддржи процесот на инклузија на деца со попреченост во редовните училишта, Фондацијата преку овој повик за ангажирање на 40 тутори од целата држава.  

Опис на ангажманот

Поддршка на ученици со попреченост - стипендисти вклучени во редовниот образовен процес:

  • до 7 ученика во учебната 2020/2021 година
  • до 10 ученика во учебната 2020/2021 година
  • до 10 ученика во учебната 2020/2021 година.

Поддршката ќе се обезбедува во зависност од бројот на стипендисти во едно или повеќе училишта, и тоа преку:

  • Директна работа со деца со попреченост - стипендисти за
    • стекнување работни навики и прилагодување кон барањата на наставниот односно предметно-часовниот систем,
    • остварување на целите на индивидуалниот образовен план, преку повторување на инструкцијата, увежбување на зададените задачи и стекнување на бараните знаења и вештини по дадени напатствија и во соработка со наставникот и инклузивниот тим за ученикот.
    • развивање на социјалните вештини и комуникацијата со соучениците, наставниците и другиот персонал.

Работата со учениците со попреченост ќе се одвива индивидуално или во мали групи, во зависност од бројот на ученици во определеното училиште и нивните индивидуални посебни потреби и препораките на МОН поврзани со КОВИД19.

  • Работа со родителите на стекнување/подобрување на вештините за поддршка на образовниот процес.
  • Соработка со училиштата/наставниците/инклузивниот тим, размена на информации и учество во следењето на остварувањето на индивидуалниот образовен план.
  • Учество во обука наменета за развивање на разбирањето и вештините потребни за успешна работа со ученици со попреченост инклудирани во редовни училишта и дефинирање на нивните работни обврски.
  • Соработка со Фондацијата Чекор по чекор и здруженијата Хендимак и Инклузива во врска со следење на редовното присуство на учениците во образовните активности и постигањето на резултатите од учењето, вклучувајќи поднесување на месечни и годишни извештаи.

За извршените обврски, предвидено е туторите да добиваат месечен надоместок од 100 евра (бруто).


Времетраење на ангажманот

Од кандидатите се очекува својата поддршка на учениците со попреченост - стипендисти да ја обезбедат во текот на 22 месеца, и тоа во следниве периоди:

  • ноември-декември 2020
  • февруари - мај 2021
  • септември - декември 2021
  • февруари - мај 2022
  • септември - декември 2022
  • февруари - мај 2023

Туторот не е обврзан да присуствува на наставата која ја спроведува наставникот. Од туторот се очекува да организира и спроведува средби индивидуално или во мали групи на ученици со попреченост - стипендисти онлајн или во директен контакт, во зависност од состојбите, потребите и можностите на корисниците и насоките на Министерството за образование и наука за безбедносните ризици предизвикани од КОВИД19. Ангажманот на туторите ќе биде до 4 часа дневно. 

   

Место на извршување на ангажманот

Во зависност од препораките на Владата на Република Северна Македонија и Министерството а образование и наука поврзани со начинот на одвивање на наставата во услови на КОВИД19, ангажманот ќе се одвива на еден или повеќе од следниве локации:

  • во училиштето кое учениците со попреченост го посетуваат
  • во домовите на учениците со попреченост
  • он-лајн.

Одбраните кандидати ќе бидат дополнително известени за местата односно училиштата каде ќе се пружа услугата.

                              

 Кандидатите кои се пријавуваат на овој повик треба:

  • да имаат завршено најмалку средно образование, и
  • да имаат солидни компјутерски познавања (Word, Excel Internet. e-mail)
  • да не им е изречена со правосилна судска пресуда казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.


Покрај лица со стручни квалификации предност при изборот ќе имаат и:

  • Пензионирани наставници,
  • Студенти од завршните години на педагошки и наставнички факултети,
  • Активисти од граѓанскиот сектор со познавања на проблематиката на инклузијата или искуство во работа со деца со попреченост.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија кои ги исполнуваат навадените услови. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават куса професионална биографија и изјава за интерес на следнава адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.. Го задржуваме правото да воведеме дополнителни разумни критериуми и побараме дополнителна документација.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15 октомври 2020 год,  до 16,00 часот.

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието