Оглас за Креирање и реализација на иновативни обуки за справување со ефектите од пандемијата и карантинот

Услови за конкурирање за

Компании/поединци кои изведуваат проценка за потребите на менталното здравје и психо-социјална поддршка (МЗПСП) за различни целни групи и кои развиваат интервенции/обуки за градење на капацитет

I. Општи информации

Save the Children (Спасете ги децата) е водечка независна организација за деца во светот. Работи во околу 120 земји со цел да поттикне важни промени во начинот на кој се третираат децата во светот и да постигнат брзи и долгорочни промени во нивните животи.

Save the Children во Косово работи на директни интервенции и востановување позитивни практики, градење на капацитетот на граѓанското општество и локалните носители на должност за да се задоволат потребите на децата. Исто така, се застапува за легислатива и политики што ги инкорпорираат инклузивните практики и имаат соодветни финансиски механизми да поддржат системски решенија и на тој начин да се постигнат долгорочни позитивни промени за сите деца.  


II
. Општи информации за проектот

Проектот “Јакнење на локалните граѓански организации 2017-2021“, (“Local Civil Society Organization Strengthening 2017-2021”), кој го финансира Шведската агенција за развој на меѓународната соработка,  (SIDA), има за цел да ги зајакне локалните и регионалните граѓански организации и да обезбеди заштита за децата така што ќе воспостави функционални системи за Заштита на децата и ќе поддржи системи и механизми што ќе ги застапуваат правата на децата.


III. Цел

Save the Children во Косово бара компании/поединци кои ќе можат да спроведат брза проценка на потребите за психо-социјална поддршка/ментална помош во целните групи, како на пример кај вработените во партнерските организации, родителите/старателите, заинтересираните страни и децата во периодот на пандемијата и после пандемијата со COVID-19. 

Резултатите од процената ќе им помогнат на компаниите/поединците да изработат клучни активности и да направат програми за зајакнување на капацитетот на сите горенаведени целни групи за надминување на предизвиците кои се резултат на пандемијата и карантинот. Ќе бидат изработени активности за Република Северна Македонија, а предавањата ќе се одвиваат на македонски јазик.


IV. Задачи, одговорности и временски рокови

Најмногу до дваесет (20) работи денови во текот на  ноември, 2020 година.

Бр.

Задачи

Денови

Рок за испорака

1

- Дискусија и разгледување на податоците за ефектите од пандемијата и карантинот кај сите категории кои беа целни групи во проектот.

- Одговорното лице треба да направи онлајн интервјуа со сите таргет групи ( вработените од партнерските компании, заинтересираните страни, наставниците, родителите/старателите и децата) за да ги одредат нивните МЗПСП потреби за време и во периодот после пандемијата, во што спаѓа и безбедно враќање на работното место, едукативни инструкции, секојдневната рутина и слично.

- Подготовка на документ кој ги наведува сите согледани потреби и предлага обуки/теми за да се излезе во пресрет на потребите. Документот треба да биде одобрен од партнерот, во соработка со SCiK.

Бројот на денови треба да се дефинира заедно со компанијата/

Индивидуата

октомври- ноември 2020

2

Креирање и реализација на иновативни обуки/ настани за градење на капацитет кои ќе се базираат на дефинираните потреби и предложениве теми за сите целни групи:

- Како да се препознаат знаците на стрес/ “истрошеност“/ ПТСП?

- Како да му помогнете на некој близок кога доживува стресен период, а при тоа да одржите јасна дистанца?

- Како да се заштитат човековите права и интересите на жените, девојчињата, момчињата и мажите за време и во периодот после пандемијата?

- Како да се обезбеди родова инклузија?

- Како да се заштити дигнитетот и да се подобри личната ефикасност преку активно учество, зголемување на моќта и сопствеништво?

- Како да ги контролираме сопствените емоции и како да им помогнеме на другите?

- Бидејќи сме родители и наставници, како да останеме посветени на нашите долгорочни цели?

- Да се обидеме да сфатиме на кој начин резонираат и што чувствуваат децата на таа возраст и со тој темперамент, за да се обидеме да им пружиме постојана топлина и структура најмногу што можеме.

- Како да се одбегне стигматизација по прележан COVID-19?

- Како да им се помогне на децата, родителите за да се подготват за процесот на “враќање на училиште“ ?

Забелешка: обуките/настаните треба да се изведуваат на онлајн платформа

Изработка на крајниот извештај за задачите  

Бројот на денови треба да се дефинира заедно со компанијата/

индивидуата

ноември 2020

 

Вкупен број на денови:

Најмногу до 20 дена

 

Крајниот извештај: Експертот ќе го пополни крајниот извештај според инструкции од SCiK.


V.
Хонорари/ Услови на исплата  

SCK ќе им исплати на компаниите/поединците бруто износ за секој работен ден, а компанијата/поединецот е одговорен да ги плати соодветните даноци во својата земја.  

SCK ќе изврши уплата на сметка преку банкарска трансакција во рок од седум (7) дена по примањето на крајниот извештај за задачите и по примањето на фактурата


VI.
Профил на експертот назначен од страна на компаниите/поединците

Експертот мора да ги поседува следниве основни вештини и знаења:

  • Да има универзитетска диплома од психологија или од областа на менталното здравје;
  • Да има познавања за правата на децата и нивните потреби;
  • Да има одлични аналитички и комуникативни вештини, одлично да пишува, да биде добар фасилитатор и да може да врши обука;
  • Минато искуство: Кандидатите мора да докажат дека имаат доволно искуство за задачи кои се слични на работата за која конкурираат, во смисла на обем и комплексност и да имаат докажано искуство во изведување на истражувачки задачи.



VII.
Аплицирање

Заинтересираните компании/кандидати треба да ги испратат своите апликации не подоцна од 06.11.2020 до 16:00 часот на следнава адреса This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

а. Техничката понуда треба да ги содржи следните детали: Разбирање на задачите и нивните цели, Методологија и приод кои ќе биде користен, Оперативен план со јасни рокови,
б.  Предлог за тимот кој ќе ја имплементира работата, со CV на клучните членови во тимот и јасно формулирани улоги на секој член на тимот (ако има тим)  
в. Финансиска понуда, бруто износ во евра, за секој работен ден.  Компанијата/поединецот е одговорен да ги плати соодветните даноци во својата земја.  Во понудата исто така треба да биде вклучен износ за превод на онлајн обуката на Албански јазик.
г. Curriculum Vitae.
д.  Деловен сертификат (за компаниите)

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието