ОГЛАС ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА КРАТОК ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА ПОГОЛЕМО ВКЛУЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО РЕДОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ, ПРОМОЦИЈА НА ИНКЛУЗИЈАТА, ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ПОСТИГАЊАТА НА ПРОЕКТОТ „БИДИ ИН, БИДИ И
Еден од главните приоритети на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ е промоција на квалитетно инклузивно образование достапно за сите деца. Во тој контекст, Фондацијата го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, во партнерство со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“ и во соработка со Министерството за образование и наука. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија, и има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта кои прераснуваат во безбедни средини отворени и пристапни за сите деца и посветени на квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби, преку:
- осмислување и спроведување на програма за стипендирање на ученици со попреченост во почетните одделенија на основното образование;
- спроведување кампањи за подигање на свеста и активности за промовирање на важноста на инклузивното образование и придобивките од инклузивните средини за учење;
- градење на капацитетите на наставниците и стручните служби за проактивна инклузија и прилагодена и диференцирана настава;
- намалување на бариерите за учениците со попреченост и подобрување на пристапноста до и во училиштата и овозможување на квалитетна стимулативна средина за учење;
- обезбедување туторска и образовна поддршка за ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес.
Повеќе информации за проектот може да најдете на: www.stepbystep.org.mk
СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОДИГНЕ ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ПОСЕОПФАТНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС, НО И ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ НА ИСКУСТВАТА ОД РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ, СЕ ОТВОРА ОГЛАС ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА КРАТОК ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ.
Овој краток документарен филм има за цел:
- ДА ЈА ЗГОЛЕМИ СВЕСНОСТА за важноста од вклучување на учениците со попреченост во редовните училишта како основно човеково право;
- ДА ЈА ИНФОРМИРА и ЕДУЦИРА јавноста за бариерите за општествена вклученост на учениците со попреченост и предизвиците со кои се соочуваат во своето образование;
- ДА ГИ МОТИВИРА родителите на учениците со попреченост нивните деца да посетуваат настава во редовни училишта;
- ДА ИНИЦИРА дебата која на подолг рок би овозможила промена во однесувањето и перцепцијата на општата јавност врзана со овие прашања.
ОПИС НА АНГАЖМАНОТ
1. Осмислување, подготовка и реализација на краток документарен филм во формат и за кино проекција и за ТВ прикажување (филмот треба да е со должина меѓу 25 и 30 минути):
- Осмислување сценарио за документарен филм;
- Снимање на документарниот филм (избор на говорници, локации, снимање на документарниот филм со сопствена опрема и тим);
- Редовна консултација со проектниот тим заради тековно одобрување на сите фази и компоненти и на финално одобрување на финалниот производ;
- Следење на препораките од проектниот тим поврзани со содржината на документарниот филм, правилата за поголема инклузивност на видеата и видливост на проектот;
- Титлување на документарниот филм на македонски јазик;
- Подготовка на верзија за ТВ прикажување и подготовка на верзија за кино проекција;
- Монтажа, продукција и постпродукција на видеата.
Краен рок за доставување на документарниот филм: 1 мај 2023 г.
*Поради можни промени по коментари за одобрување на документарниот филм од донаторот на Проектот, и по дадениот краен рок можно е да се побара да се направат промени во финалниот производ (доколку овие промени не надминуваат повеќе од 10% од производот даден во назначениот краен рок, понудувачот се обврзува да ги направи без компензација).
2. Подготовка на 2 дополнителни верзии од документарниот филм (од точка 1) за ТВ прикажување:
- Подготовка на 2 верзии од документарниот филм за ТВ прикажување: верзија на албански јазик и верзија на англиски јазик (вклучувајќи и титлување на соодветниот јазик, синхронизирање на нарациите на соодветен јазик, промена на графики на соодветен јазик);
- Редовна консултација со проектниот тим поврзана со правилата за поголема инклузивност на видеата и видливост на проектот.
Краен рок за доставување на 2те верзии: 15 јуни 2023 г.
3. Подготовка и реализација на кратко видео (trailer) за прикажување на ТВ и на социјалните медиуми
- Подготовка на кратко видео (trailer) за документарниот филм за прикажување на ТВ и на социјалните медиуми;
- Титлување на краткото видео (на три јазици: македонски, албански и англиски јазик) и/или синхронизирање на краткото видео (испорачување три верзии од видеото);
- Редовна консултација со проектниот тим заради тековно и финално одобрување на содржината на trailer-от и следење на препораките од проектниот тим поврзано со правилата за поголема инклузивност на видеото и видливост на проектот.
Краен рок за доставување на trailer-от за документарниот филм: 1 мај 2023 г.
4. Подготовка и реализација на 5 кратки видеа со главните поенти од документарниот филм наменети за прикажување на социјалните медиуми
- Редовна консултација со проектниот тим заради тековно и финално одобрување на содржината на видеата и следење на препораките од проектниот тим поврзано со правилата за поголема инклузивност на видеата и видливост на проектот;
- Осмислување 5 кратки видеа со главните поенти од документарниот филм наменети за прикажување на социјалните медиуми;
- Титлување на видеата (на три јазици: македонски, албански и англиски јазик) и/или синхронизирање на видеата (испорачување три верзии од секое од видеата);
- Монтажа, продукција и постпродукција на видеата (видеата ќе се користат за кампања на социјалните медиуми).
Краен рок за доставување на 5те кратки видеа: 30 јуни 2023 г.
Овој оглас е отворен за сите физички и правни субјекти од Р. С. Македонија кои ги исполнуваат условите.
ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОВОЈ ПОВИК ФИЗИЧКОТО ИЛИ ПРАВНОТО ЛИЦЕ ТРЕБА:
- да има искуство во подготовка, снимање и продукција на видеа (минимум 10 видеа);
- да има искуство со реализирање на активности поврзани со образование на ранливи групи и инклузија (минимум 5 активности);
- да има/во реализација на проектот да вклучи лице со соодветно образование т.е завршен факултет за драмски, филмски или ликовни уметности;
Физичкото или правното лице треба да достави:
- биографија или портфолио;
- понуда со предлог буџет (во форматот даден подолу);
- идејно решение за документарниот филм и за видеата презентирани преку краток опис. Во идејното решение треба да е вклучено и предлог главно мото или наслов на документарниот филм;
- предлог план за реализација на предвидените активности
Во предлог буџетот треба да се вкалкулирани сите трошоците со претпродукцијата на видеата, нивната продукција и пост продукцијата ( на пр. трошоци за синхронизација, музика, проби, превод на англиски/албански/македонски, колор корекција, барање локации, патни и дневни трошоци, студио за снимање, движечки графики и/или други слични трошоци). Во цената треба да се вкалкулирани и трошоците за персонален данок или други даночни обврски.
КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
- ЦЕНА (40%)
- ЕКСПЕРТИЗА, СООДВЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ И ИСКУСТВО (20%)
- ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ (40%)
Како што е наведено на овој оглас може да се пријават физички лица кои поднесуваат лична биографија или правни лица кои наместо лична биографија ќе го поднесат своето портфолио и/или биографии на експертот/експертите кои ќе ги користат. Во ваков случај, цената која ќе се понуди треба да биде без ДДВ и, во случај правно лице да биде ангажирано, фактурата која ќе се достави по извршените обврски треба да биде издадена преку системот на УЈП без ДДВ. Проектот е ослободен од плаќање ДДВ за што Фондацијата ќе обезбеди соодветна документација.
Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа.
Ги покануваме заинтересираните кандидати да ги достават горенаведените документи на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Предлог буџетот треба да биде изразен во ЕУР, во следниот формат:
Опис |
Вкупна цена во ЕУР |
Осмислување, подготовка и реализација на краток документарен филм во формат и за кино проекција и за ТВ прикажување |
|
Подготовка на 2 верзии (на албански и англиски јазик) од документарниот филм за ТВ прикажување |
|
Подготовка и реализација на кратко видео (trailer) за прикажување на ТВ и на социјалните медиуми |
|
Подготовка и реализација на 5 кратки видеа со главните поенти од документарниот филм наменети за прикажување на социјалните медиуми |
|
Вкупно |
Проектот го задржува правото да не избере понудувач доколку процени дека доставените предлози не одговараат во целост со потребите. Во случај на неприфаќање на понудата Фондацијата не смее да го користи ниту споделува идејното решение кое е предложено од понудувачите.
Проектот го задржува правото, во договор со избраниот понудувач, да ја промени временската динамика, како и да ги модифицира барањата врзани за очекуваните резултати. Проектот го задржува правото да воведе дополнителни разумни критериуми и побара дополнителна документација.
Крајниот рок за доставување на пријавите е 29 јануари 2023 година, до 20:00 часот.
Понудите кои ќе пристигнат по истекот на зададениот рок нема да се земат предвид и нема да се разгледуваат. Сите понуди ќе се разгледуваат и оценуваат врз основа на исполнувањето на условите - потполноста на информациите кои се бараат и врз основа на критериумите за евалуација објаснети во описот на барањето за понуда.