Националната коалиција за развој на политики на Проектот „АРИСЕ: Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“ го разгледува влијанието на сиромаштијата врз образованието и постигањата на децата и предлага конкретни мерки за подобрување на
Во рамките на Проектот „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“, финансиран од Европската Комисија , формирана е Национална коалиција за развој на политики, која преку преглед на состојбите, редовни консултации и иновативни приоди кон прашањето на влијанието на сиромаштијата врз учењето ќе придонесе за подобрување на квалитетот на образованието за сите деца. Во коалицијата членуваат претставници на Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Бирото за развој на образованието, Филозофскиот факултет во Скопје, Педагошките факултети во Скопје и Штип, проектни училишта, градинки и невладини организации, како клучни засегнати страни во образовниот процес.
Националната коалиција во текот на овие шест месеци одржа три состанока (во мај, јуни и ноември 2022 г.) на кои:
- се разгледа националниот извештај, кој утврди некои загрижувачки состојби, имено: стапката на детска сиромаштија во 2019 г. изнесувала 27,8 проценти; според Извештајот ПИСА децата од финансиски немоќните семејства заостануваат во постигањата зад децата од добростоечките семејства и до 10 проценти; само 2,6 проценти од 4-годишните ромски деца посетуваат предучилишно образование, додека процентот на децата од урбаните средини кои посетуваат предучилишно образование е за шест пати поголем од оној на децата од руралните подрачја.
- се презентираа исуствата на соодветните организации од кои доаѓаат членовите и нивите предизвици и силни страни во однос на можностите за придонес кон намалувањето на влијанието на сиромаштијата врз образованието.
- се разгледаа најразличните иновативни мерки и активности кои членките веќе ги преземаат на овој план, како и можности некои од овие идеи да се пресликаат во други средини, преку споделување меѓусебни искуства и промовирање соработка.
Во иднина, Коалицијата конкретно ќе работи на развивање на акциски план со мерки за систематско подобрување на политиките и практиките за поддршка на учениците од семејства со низок социоекономски статус.