Барање за идејно решение и демо верзија за дигитални аудио сликовници

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство”, имплементиран од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по Чекор” - Македонија, распишува јавен оглас за прибирање идејни и демо решенија за изработка на дигитални аудио сликовници на македонски и албански јазик за кои се изработени графички и аудио фајлови. Во рамките на проектот ќе бидат издадени 20 сликовници.

Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниов линк http://www.stepbystep.org.mk/index.php?option=com_k2&view=item&layout=item&id=439&Itemid=819
Авторот (подносителот на понудата) треба да изработи дигитална верзија од сликовниците која ќе интегрира слика и звук и ќе може да се дистрибуира на било која платформа (Windows, Linux и Android), ќе може да биде достапна on-line и off-line и ќе ги исполни кретириумите за е-пристапност кои може да се погледнат на http://www.w3.org/WAI/GL/2010/WD-WCAG20-20100617/
Авторот може да користи алатки по своја желба, вклучувајќи Adbobe Captivate, HTML 5, Java, KWIK plug-in for Photoshop, CoronaSDK и слично
Секој автор треба да достави идејно решение во кое ќе биде објаснет техничкиот пристап како и демо за првите четири страни од сликовницата која во PDF и aудио формат може да се преземе од следниве линкови:
http://stepbystep.org.mk/WEBprostor/toolbox/SLIKOVNICI/Братче_за_Петар.pdf 
http://1drv.ms/1eZZESh 
Дополнително, секој автор треба да достави цена на чинење на изработка за една сликовница. Сликовниците нема да бидат подолги од 20 страни и вкупно 6000 карактери секоја.
На линковите подолу може да се најдат примери на сликовници кои може да послужат како идеја за е-аудио сликовницата.
http://freekidsbooks.org/view/100 
http://www.curiousgeorge.com/kids-stories-books/chucks-band 
http://www.meegenius.com/book/c9c6d365188e190ac77b618de90f825f#page/2 
http://www.astorybeforebed.com/ 
http://www.storylineonline.net/harry-the-dirty-dog/ 
http://www.storylineonline.net/chesters-way/ 
http://www.storylineonline.net/me-and-my-cat/ 

Дополнително, авторите можат по своја желба да вметнат или да предложат свои решенија, анимации или дополнителни функционалности за да бидат сликовниците поинтересни за децата на возраст од 5 до 10 години.
Сите понуди треба да се достават на е-маил адреса This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до 12 април 2014 година во ZIP папка во која ќе бидат сместени идејното решение, демо верзијата и финансиска понуда со рок за изработка на една сликовница. Ќе бидат контактирани само авторите на селектираните понуди. Некомплетни понуди (идејно решение, демо и финансиска понуда) нема да бидат земени предвид.

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието