Оглас за 2 работни позиции на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство''

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од 1 Асистент и 1 Практикант за работа на проектот на УСАИД со „Со читање до лидерство“.

Подолу опишаните позиции се наменети само за државјани на Р. Македонија.

Фондацијата „Чекор по чекор“ - Македонија се залага за еднакви можности за вработување. Соодветно квалификуваните лица со попречености се охрабруваат да одговорат на огласот. 

Кандидатите треба да достават кратко мотивациско писмо и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Кандидатите задолжително треба да наведат за која позиција се пријавуваат.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 02.09.2013 до 15 часот.

Избраните кандидати ќе бидат известени за терминот на интервјуто.

АСИСТЕНТ

Главни задолженија и обврски

Обврска на асистентот е секојдневно да помага при административните и извршни задолженија на колективот на Фондацијата „Чекор по чекор“. Асистентот помага во прибирањето информации и одржувањето на документацијата и други услуги во координација со колективот и со извршниот директор.

Под раководство на колективот на фондацијата, асистентот ќе ги извршува следниве активности:

  • асистира при  реализирање на програмските и адмминистративните задолженија на тимот;
  • директно соработува со координатоот за комуникација и информирање во подготовката на промотивните материјали за проектот;
  • помага при организација и изведување на обуки и други настани;
  • помага на техничкиот тим при состаноци, тренинзи, настани и сл;
  • редовно ја надополнува интернет страницата на проектот со нови информации и тековни активности;
  • архивира документи во електронска и пишана форма;
  • други сродни задолженија.

За својата работа проектниот асистент има обврска да подготви и достави месечен работен план и извештај.  

Барани квалификации:

Образование: ВСС

Претходно работно искуство: Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство.

Обука на работното место: Упатување во политиките и процедурите на Фондацијата „Чекор по чекор“  во текот на извршувањето на дадените задолженија, како и за кодексот на однесување.

Познавање јазици: Четврти степен на познавање на македонски и англиски јазик (течно); неопходни се развиени комуникациски вештини, читање и пишување.

Знаење: Разбирање на образовниот систем во Македонија.

Вештини и способности: Компјутерски вештини (вешто користење на MS Office), предност ќе имаат кандидатите со основни познавања од областа на графичкиот дизајн, способности за административно работење и канцелариски процедури и комуникациски вештини. Поседувањето возачка дозвола е предност.

Дополнителни информации:

Опрема која ќе се користи: Компјутери

Патувања и прекувремена работа: повремено патување надвор од канцеларија до сите делови од Македонија и надвор од Македонија ако е потребно.

Конторола: надгледувањето го врши раководителот на проектот и координаторот на проектот.

ПРАКТИКАНТ

Главни задолженија и обврски

Обврска на практикантот е секојдневно да помага при задолженијата на колективот на Фондација „Чекор по чекор“. Практикантот му помага на извршниот директор и колективот во генералните канцелариски задолженија, врши подготовка на материјали за семинари и други настани во рамки на проектот и логистички ги поддржува истите.

Под раководство на колективот на фондацијата, практикантот ќе ги извршува следниве активности:

 

  • обезбедува логистичка и друга неопходна поддршка на проектните активности;
  • помага во процесот на ЕГРА и ЕГМА тестирање;
  • дистрибуира материјали за мониторинг и евалуација;
  • помага во организација на настани, семинари и состаноци;
  • ги архивира електронските материјали и материјалите во пишана форма;
  • помага во подготовка и преведување на промотивните материјали;
  • ја одржува и редовно ја надополнува Facebook страницата на проектот;
  • други сродни задолженија.

За својата работа практикантот има обврска да подготви и достави месечен работен план и извештај. Планот и извештајот ги подготвува заедно со проектниот координатор.   

Барани квалификации:

Образование: ВСС или последна година од студии

Претходно работно искуство: Не е потребно.

Обука на работното место: Упатување во политиките и процедурите на Фондацијата „Чекор по чекор“  во текот на извршувањето на дадените задолженија, како и за кодексот на однесување.

Познавање јазици: Четврти степен на познавање на македонски и англиски јазик (течно); неопходни се развиени комуникациски вештини, читање и пишување.

Знаење: Разбирање на образовниот систем во Македонија.

Вештини и способности: Компјутерски вештини (вешто користење на MS Office), познавање и користење на социјалните мрежи за промоција на проектот, комуникациски вештини. Поседувањето возачка дозвола е предност.

Дополнителни информации:

Опрема која ќе се користи: Компјутери

Патувања и прекувремена работа: повремено патување надвор од канцеларија до сите делови од Македонија и надвор од Македонија ако е потребно.

Конторола: надгледувањето го врши координаторот на проектот.

 

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието